Доделување на дипломи за дооформување на средно стручно образование за возрасни во Општина Арачиново

Министерството за образование и наука во соработка со Центарот за образование на возрасните – Скопје, во мај 2010 година започна со реализација на Програмата за образование на возрасни во Општина Арачиново.

Во првата фаза на консултативно–инструктивна настава беа опфатени 140 кандидати на возраст од 15 до 25 години со завршено само основно образование.

За успешна реализација и имплементација на програмата, Министерството за образование и наука и Центарот за образование на возрасните ангажираа соодветен наставен кадар од С.У.Г.С. „Цветан Димов“ – Скопје и обезбедиjа просторни услови за реализација на наставата, како и подмирување на обврските за кандидатите за упис и полагање на испитите. Кандидатите кои беа опфатени во првата фаза посетуваат консултативно–инструктивна настава.

Во јуни 2012 година средното стручно образование го завршиа 107 учесници од кои 99 успешно завршиа училишната матура, 5 учесници државната матура и 3 учесника не успеаа да ја положат.

По тој повод на 18 јули 2012 година во 11 часот во просториите на училиштето “Ѓерѓ Кастриот Скендербеу“ свечено ќе бидат доделени дипломите. Свое обраќање пред присутните кандидати ќе имаат заменик министерот за образование и наука г-дин Сафет Незири, директорката на ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје г-ца Љиндита Ќазими, директорот на СУГС „Цветан Димов“ – Скопје г-дин Шаип Зенели и градоначалникот на општина Арачиново г-дин Бастри Бајрами.

ноември 30, 2015
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support