Setup Menus in Admin Panel

Setup Menus in Admin Panel

Setup Menus in Admin Panel

НИКОГАШ НЕ Е ДОЦНА: ВОЗРАСНИТЕ СО НОВИ МОЖНОСТИ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ

Скопје, 27 мај 2016: Претставниците на ресорните министерства, невладиниот сектор и академската јавност учествуваа на втората експертска средба за операционализација на Концепцијата за основно образование на возрасни. Дискусиите околу предлог програмите и тестовите се со цел  да се помогне на возрасните на кои што им е потребно да се стекнат со нови компетенции за полесно да дојдат до работа и полесно да се вклучат во општестввените текови.

„Потребата за нов пристап во основно образование на возрасни произлегува од неподготвеноста на голем дел од популацијата да се вклучи во тековите на современото општествено живеење. Во изминатиот период, сите релевантни чинители работеа на создавање на неколку стратегиски и концепциски документи.Сето тоа допринесува Република Македонија да биде издвоена како пионер во регионот во модернизирање и осовремување на моделите за образование на возрасни”. – истакнува Линдита Ќазими , Директор на Центарот за образование на возрасни.

Потребата и неопходноста за модернизирање на моделите за вклучување на возрасните во образовниот процес произлезе од ниското ниво на образование кај вкупното население и  неможноста за активно вклучување во современите општествени текови. Според последните достапни официјални податоци, вкупно 18% од населението над 15-годишна возраст е без завршено основно образование. Показателите покажуваат, заради традиционалниот животен стил, жените, Ромите, лицата со попреченост и другите ранливи категории помалку го остваруваат ова основно право. Неопходно е да им се помогне да го завршат основното образование за да им се овозможи активно вклучување во социо-економскиот живот на земјата.

„Правото на учење е едно од основите универзални права на секој поединец”, изјави Постојаниот претставник на УНДП, Луиза Винтон. „Општеството може да биде вистински конкурентно само во услови кога им овозможува на сите да се стекнат, создаваат и применуваат знeање. УНДП е целосно посветено на обезбедување на инклузивно квалитетно образование кое е подеднакво достапно за сите, како и да промовира доживотни можности за учење за сите”.

June 2, 2016

September 29, 2022

0 responses on "НИКОГАШ НЕ Е ДОЦНА: ВОЗРАСНИТЕ СО НОВИ МОЖНОСТИ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ"

Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet