Обуки за задоволување на побаруваните занимања на пазарот на трудот (за лица со инвалидитет)

ЈУ ЦЕНТАР ЗА ОБРАЗОВАНИЕ

НА ВОЗРАСНИТЕ – СКОПЈЕ

Врз основа на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2017 година, за активната мерка Обуки за задоволување на побаруваните занимања на пазарот на трудот (за лица со инвалидитет), ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје, на ден 27.03.2017 година, распишува

ЈАВЕН ОГЛАС

до

верификувани спроведувачи на обука

ЈУ  Центар  за  образование  на  возрасните  –  Скопје  распишува  оглас  за  избор  на спроведувачи на обука   за   образование   на   возрасни   за   реализација   на   мерката  Обука за задоволување на побаруваните занимања на пазарот на трудот (за лица со инвалидитет) во рамки на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на труд за 2017 година

На  Јавниот оглас може  да  се  пријават спроведувачи на обука кои имаат верификувани посебни програми за обука за лица со инвалидитет и  ќе  ги  реализираат следниве програми:

-Масер – терапевт

-Описменување на Брајово писмо

-Ориентација и мобилност

-Модуларна обука за аргон заварувач

-Инсталатер и монтер на  на водоводна инсталација

-Изработувач на печива

Заинтересираните приватни спроведувачи треба да ги исполнуваат следните услови:

–     да имаат добиено решение за верификација за горенаведената програма од ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје;

–     да имаат документ за регистрирана дејност – образование на возрасни;

–     да располагаат со стручен кадар кој ќе ја спроведува програмата;

–     да  имаат добиено решение за верификација институција од Министерство за образование и наука.

Заинтересираните приватни спроведувачи кои ќе бидат селектирани за изведување на обука ќе добијат 30.000,00 денари паричен надомест по обучено лице.

Пријавата  за учество во мерката може да се најде на интернет страната на ЈУ Центар за образование на возрасните (www.cov.gov.mk/category/огласи/)  и заедно со потребната документација се доставува најдоцна до 30.04.2017 година до архивата на:

ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје ул. Димитрие Чуповски бр. 13

1000 Скопје

Некомплетираните  и  ненавремено  доставени  документи  нема  да  бидат  земени  во постапка за одлучување.

ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје

Тука може да го симнете ПРИЈАВАTA:

Пријава Paraqitja

март 27, 2017
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support