Оперативен план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година

РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Врз основа на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година, усвоен од Владата на Република Северна Македонија за мерката Обуки за побарувани занимања, ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје, на ден 06.03.2019 година распишува

ЈАВЕН ОГЛАС

до верификувани спроведувачи на обука

ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје распишува јавен оглас за избор на верификувани спроведувачи на обука за образование на возрасни за реализација на мерката Обука за побарувани занимања, во рамки на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година. На Јавниот оглас може да се пријават верификувани спроведувачи на обуки кои ќе ги реализираат следниве програми по градови:

  • Неговател/ка на деца, Ресен, Штип, Скопје Струга, Битола, Крушево, Струмица
  • Неговател/ка на деца со пречки во развојот, Штип, Струмица, Скопје, Прилеп
  • Личен асистент на лица со попреченост, Скопје, Куманово, Струмица, Битола, Неготино, Гостивар, Струга, Куманово
  • Неговател/ка на стари лица, Скопје, Штип, Радовиш
  • Фризер основно ниво, Битола, Скопје, Штип, Tетово, Гостивар
  • Масер, Скопје, Штип
  • Маникир-педикир, Скопе, Битола, Tетово
  • Козметичар, Скопје, Струмица, Битола
  • Шивач-основно ниво, Скопје, Tетово, Штип
  • Собарка, Скопје
  • Рецепциски службеник, Скопје
  • Готвач-гастроном, Тетово, Скопје
  • Службеник во книговодство / сметководство, Штип, Кавадарци, Битола, Куманово, Струмица, Скопје
  • Оператор за веб дизајн, Битола, Штип
  • Заварувач, Тетово, Неготино, Скопје
  • Електроинсталатер и монтер на станбени објекти, Битола
  • Фасадер, Скопје
  • Гипсер монтер, Битола
  • Тапетар за мебел, Пехчево
  • Електромеханичар за термички и разладни уреди, Битола
  • Монтер и инсталатер на сончеви панели, Штип, Битола, Скопје
  • Ракувач на виљушкар, Битола, Скопје, Неготино
  • МИГ (метал инертен гас) – МАГ (метал активен гас) заварувач, Тетово, Неготино
  • Автомеханичар за моторни возила, Тетово, Битола, Скопје
  • Ракувач на мостна, портална и конзолна дигалка, Кавадарци

Заинтересираните верификувани спроведувачи треба да ги исполнуваат следните услови:

  • да имаат решение за верификација на посебна програма за образование на возрасните издадено од ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје;
  • да имаат решение за верификација на установа/институција за образование на возрасните издадено од Министерство за образование и наука,

Заинтересираните верификувани спроведувачи треба да достават потребна документација:

  1. Пријава за учество во мерката – објавена на интернет страната на ЈУ Центар за образование на возрасните (cov.gov.mk)
  2. Документ за регистрирано дејност – образование на возрасни;
  3. Потврда/изјава за располагање со стручен кадар кој ќе ја спроведува програмата;
  4. Решение за верификација на посебна програма за образование на возрасните издадено од страна на ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје;
  5. Решение за верификација на установа/институција за образование на возрасните издадено од страна на Министерство за образование и наука, до започнување на обуката.

Заинтересираните верификувани спроведувачи кои ќе бидат селектирани за изведување на обука ќе добијат 30.000,00 денари паричен надомест по обучено лице. Средствата потребни за реализирање на мерката Обука за побарувани занимања е финансирана од Буџетот на Агенција за вработување на Република Северна Македонија.

Потребната документација се доставува најдоцна до 20.03.2019 година до архивата на:

ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје

ул. Димитрие Чуповски бр. 13

1000 Скопје

Некомплетните и ненавремено доставени документи нема да бидат земени во постапка за одлучување.

ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје

Prijava za provajder_merka (Превземи)                                                                                                   

септември 29, 2022
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support