Студиска посета во Образовен центар Визнек Бухенбах, СР Германија

ЕВРОПА ВО ФОКУСОТ: ВЛЕЗОТ НА МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ КАКО ЗАДАЧА ЗА ОБРАЗОВАНИЕТО НА ВОЗРАСНИ

Директорката на ЈУ Центарот за образование на возрасните ѓ-ца. Линдита Ќазими ќе присуствува на студиска посета во Образовен центар Визнек, Бухенбах, СР Германија, во период од 1ви – 10ти септември 2012. Домаќин на оваа посета е Покраинската централа за политичко образование на покраината Баден Виртемберг. Програмата ќе се состои од низа предавања на европски образовно-политички теми и посети на различни релевантни институции во околината на Фрајбург и Стразбур.

 

Предавачи:

д-р Карлхајнц Дир, надворешен соработник на Покраинската централа за политичко образование

Уве Берндт, директор за образование, Образовен центар Визнек

Теми на предавањата:

–     „Програмите за источна европа на Фондацијата Баден Виртемберг“ U. Vogelmann, Baden Württemberg Stiftung GmbH

–     “Евроинтеграцијата и политиката денес” M. Grosse Hüttmann, Универзитет Тибинген

–     „Влезот на Македонија во ЕУ, проширувањето кон југоисточна Европа и кризата во ЕУ како теми за образованието на возрасни“ K. Dürr, надворешен соработник на Покраинската централа за политичко образование

–     „Европа конкретно: Конфликт и соработка во германско- францускиот пограничен регион“ Uwe Berndt, обучувач, Меѓународни програми, Образовен центар Визнек

–     „Проширувањето кон југоисточна Европа како планска игра за ЕУ“ M. Behne, Civicus

–     „Македонија пред влезот во ЕУ“ Разговор со почесниот конзул на Р. Македонија, H.Arndt

–     Перспективите на Македонија во ЕУ Gernot Erler, пратеник на Бундестагот, Фрајбург, Заменик претседавач на парламентарната група на фракцијата на Социјалдемократската партија во германскиот Бундестаг

Меѓу другото ќе го посети Советот на Европа во Стразбург, Европскиот парламент Народен универзитет Фрајбург.

Организатори:

Покраинска централа за политичко образование Баден-Виртемберг, Германија

Образовен центар Визнек, Бухенбах кај Фрајбург, Германија

Фондација Фридрих Еберт, Скопје, Македонија

dvv international, Скопје, Македонија

септември 29, 2022
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support