Студиска посета во Софија,Бугарија

Во рамки на активностите на Националните координатори за спроведување на Европската агенда за образование на возрасните, во периодот ноември 2017 – декември 2019 година, Центарот за образование на возрасните како национален координатор, го спроведува проект „Работен план на националниот координатор за учење на возрасните: Македонија“ (National Coordinator for Adult Learning Work Plan: Macedonia). Поконкретно, во рамките на проектот предвидено е да се реализираат следниве активности:

  • развивање на стандарди, портфолио за кандидатите за валидација на неформалното и информалното учење (ВНИУ), програми и материјали за советниците за валидација,
  • обука на 10 обучувачи на советници за ВНИУ
  • одржување на работилница за подигање на свеста кај 20 претставници на клучните партнери со цел нивно запознавање со главните принципи на ВНИУ и зајакнување на институционалната соработка,
  • надградба на базата на податоци со дел за валидацијата.

Во рамките на проектот  една од активностите за спроведување на проектот е студиски посети се со цел да се анализираат најдобрите пракси од земјите на ЕУ.

Во период од 04.06.2019 до 07.06.2019 се реализираше студиска посета во Софија,Бугарија каде се реалзираа неколку состаноци и тоа:Министерство за образование и наука, Бугарско индустриско здружение, Конфедерација на независни синдикати во Бугарија, Средно стручно училиште за туризам, Национална агенција за стручно образование и обука и Агенција за вработување.

септември 29, 2022
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support