ЈАВЕН ОГЛАС За избор на Надворешни соработници ( две позиции )

Врз основа на член 41 од Законот за образование на возрасните („Службен весник на РепубликаМакедонија“ бр. 7/08, 17/11, 51/11, 74/12, 41/14, 144/14, 146/15, 30/16 и 64/18) ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје распишува

ЈАВЕН ОГЛАС

За избор на Надворешни соработници ( две позиции )

ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје распишува јавен оглас за избор на Надворешни соработници за проектот Пазарно ориентирани вештини за одтржливо ефикасно енергетско градење, TRAINEE (TowaRd market-based skills for sustAINable Energy Efficient construction“ Grant Agreement No: 785005 — TRAINEE — H2020-EE- 2016-2017/H2020-EE-2017-CSA-PPI ) (2извршители).

Заинтересираниот кандидат треба да ги исполнува следниве услови:

  • Завршено високо образование ;
  • Одлично познавање на англискиот јазик;
  • Најмалку10 години работно искуство;
  • Најмалку 5 години искуство во имплементирање на проекти;
  • Искуство во спроведување на обуки за возрасни;
  • Искуство во анализа и истражување;

Заинтересираниот кандидат треба да достави:

  1. Пријава која треба да содржи:
    • име и презиме,
    • адреса на живеење,
    • телефонски број и електронска пошта за контакт,
    • степен и вид на стекнатото образование,
    • години на работно искуство
    • листа на проекти (како носител и како партнер),
  2. Кратка биографија.

Потребната документација кандидатот да ја достави на е-пошта до: irena.filipovska@klinika.unet.mk

Со назнака: Надворешен соработник за проект Пазарно ориентирани вештини за одтржливо ефикасно енергетско градење, TRAINEE во рок од  5 дена од денот на објавување на огласот.

Некомплетирани и ненавремени доставени документи нема да бидат земени во постапна за одлучување.

Публикуван на: 02.01.2020 година

Прием на апликации до: 06.01.2020година

септември 29, 2022
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support