ЈАВЕН ОГЛАС – Национален експерт за валидација на неформално и информално учење

Врз основа на член 41 од Законот за образование на возрасните („Службен весник на Република Македонија“ бр. 7/08, 17/11, 51/11, 74/12, 41/14, 144/14, 146/15, 30/16 и 64/18) ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје распишува

ЈАВЕН ОГЛАС

за избор на Национален експерт за валидација на неформално и информално учење

ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје распишува јавен оглас за избор на Национален експерт за валидација на неформално и информално учењеза проектот NATIONAL COORDINATOR FOR ADULT LEARNING WORK PLAN: MACEDONIA, (AGREEMENT NUMBER – 2017-2289/001-001, PROJECT NUMBER – 592010-EPP-1-2017-1-MK-EPPKA3-AL-AGENDA) (1 извршител).

Заинтересираниот кандидат треба да ги исполнува следниве услови:

  • Завршени магистерски студии во областа на општествените науки, докторски студии ќе се сметаат за предност;
  • Одлично познавање на англискиот јазик;
  • Најмалку 10 години работно искуство во образование;
  • Искуство во имплементирање на Еразмус+ проекти;
  • Искуство во кариерно советување на возрасни;
  • Искуство во изработка и имплементирање на посебни програми за образование на возрасни;
  • Искуство во водење на интервјуа за селекција на кандидати.

Заинтересираниот кандидат треба да достави:

  1. Пријава која треба да содржи:
    • име и презиме,
    • адреса на живеење,
    • телефонски број и електронска пошта за контакт,
    • степен и вид на стекнатото образование,
    • години на работно искуство во образование (образовна институција),
    • листа на Еразмус+ проекти (како носител и како партнер),
    • години на работно искуство во кариерно советување, обуки, листа на изработени материјали, дополнителни активности во кариерно советување,
    • број на изработени програми, број на верифицирани програми, сертификат за обучувач на возрасни, број на одржани обуки за возрасни.
  2. Кратка биографија.

Потребната документација кандидатот да ја достави на е-пошта до: konstantin.hristovski@klinika.unet.mk

со назнака: Национален експерт за валидација на неформално и информално учење, PROJECT NUMBER – 592010-EPP-1-2017-1-MK-EPPKA3-AL-AGENDA

рок од 5 дена од денот на објавување на огласот.

Некомплетирани и ненавремени доставени документи нема да бидат земени во постапна за одлучување.

Публикуван на: 23.01.2019 година

Прием на апликации до: 27.01.2019 година

јануари 23, 2019
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support