Опис на програма

Програмата за работно оспособување за занимањето автомеханичар се за класични моторни системи патнички возила темели на стандардите за занимањето кои се постигнуваат преку обука со стручно теоретски содржини кои се реализираат во училница/кабинет и се во функција на практичната обука, која пак се изведува во автомеханичарски сервис за патнички  возила, Програмата е со времетраење од 320 часа.

По успешното завршување на програма учесникот ќе  се оспособи за работа во автомеханичарски сервис за класични патнички возила. Учесникот ќе се оспособи за, сервисирање и дневна нега,  демонтажа, чистење, поправка и монтажа на разни елементи, склопови и подсклопови од системите кај  Отто и Дизел моторите. Учесникот ќе ги употребува, алатите, апаратите и механизмите, ќе ракува со современите апарати, опрема, инструменти и приборот за работа, ќе применува хигиенотехнички мерки за лична заштита и заштита на животната околина, ќе се оспособи за професионална комуникација и деловен однос со клиентите и колегите, ќе се запознае со правата од работен однос и можностите за отварање и водење  на сопствен бизнис.

По завршувањето на програмата учесникот полага завршен испит и по успешно завршување на испитот се здобива со сертификат за АВТОМЕХАНИЧАР ЗА КЛАСИЧНИ МОТОРНИ СИСТЕМИ ЗА ПАТНИЧКИ ВОЗИЛА

Програмата дава можност за вертикална проодност во повисоко ниво во ова занимање.

Резултати од програма

[:mk]Учесникот  по успешното завршување на програмата ќе може да извршува работи  помошник автомеханичар во автомеханичарски сервис,, да ракува со приборот, алатот и инструментите за работа, да учеств ува во  техничкото одржување на патнички моторни возила, да монтира и демонтира делови и системи кај ОТО и Дизел  моторите со внатрешно и тоа кај: системите за трансмисија, управување, сопирање и потпирање на моторното возило, да ја одржува хигиената на работното место, да применува лична заштита и заштита на човековата оклина, да  развива вештини за тимска работа и професионално да комуницира со колегите, соработниците, претпоставените  и клиентите[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Завршено основно образование и 15 годишна возраст. Психофизички здрав со добри природни  стекнати и развиени, вид, слух, допир, осетливост на мали поместувања и промена на отпорот, на положба и изведба на покретите, одмерување на напорот потребен за различни работиЛичност  емоционална стабилност, присебност, среденост и самоконтрола.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 64 20
Пракса 240 75
Оценување 16 5
Вкупен број на часови 320
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support