Опис на програма

Главна цел на програмата е учесникот да стекне знаења, вештини и компетенции за примена на основните техники при сервисирање и одржување на современите автомобилски мотори и правилно користење на опремата и алатот.
Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обука и води до стекнување на сертификат „Автомеханичар за современи системи кај моторните возила“.
Времетраењето на програмата е 264 часа од кои 56 часа теоретска обука, 182 часа се практична обука во реални работни услови и 26 часа се наменети за оценувањето. Теоретскиот и практичниот дел од програмата ќе се изведуваат од понеделник до петок. Теоретската обука се одвива во специјализирани простории во рамките на компанијата под менторство на професор наставник а практичната обука во рамките на компанија за време на која на учесниците ќе им биде доделен обучувач вработен во компанијата.
Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршувањето на теоретскиот дел преку проверка на знаење со тест после теоретската обука а по завршувањето на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се дефинираат стекнатите вештини и компетенции. По успешно положен завршен испит учесниците се стекнуваат со сертификат „Автомеханичар за современи системи кај моторните возила“.

Резултати од програма

[:en]По завршување на програмата учесникот ќе биде способен да: • Ја планира и ја организира работата,самостојно и во тим • Ги подготвува работното место, алатот, машините и мерните инструменти; • Ги одржува и ги сервисира патничките возила според препораките на производителот; • Ги поправа и ги менува деловите, склоповите и уредите на моторот и преносниот механизам; • Ја контролира и ја испитува работата на моторот и на другите делови и уреди; • Ја контролира и ја дијагностицира исправноста на уредот за климатизација во возилото; • Обезбедува резервни делови и потрошни материјали, во зависност од процесот на работа; • Ги обработува работните налози и техничката документација што е потребна за редовно извршување на работните задачи; • Ги користи стручната литература и упатствата за квалитетно извршување на работата; • Ги применува мерките за лична заштита и заштита на околината [:]

Критериуми за влез во програмата

[:en]-минимум основно образование и возраст од најмалку 15 години.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 56 21
Пракса 182 69
Оценување 86400 10
Вкупен број на часови 264
0 STUDENTS ENROLLED

    [:en]Детали за понудувач на услуги[:mk]Instructor Details[:al]Instructor Details[:]

    Повеќе програми од Друштво за транспорт,трговија и услуги АУТО ЦЕМ ДОО експорт-импорт Тетово - Подружница АУТО ЦЕМ ЕДУКАЦИЈА Тетово
    Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
    top
    © 2018 Developed by Unet
    Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support