Опис на програма

А1/1 ниво е прв дел од А1 елеметарното ниво (подготвително ниво) со кое се започнува изучувањето на англискиот јазик. Програмата по која се изучува ова ниво во ЦСЈ Лингва НОВА е New English File – elementary (Oxford  University press). Наставата за А1/1 ниво за средношколци и возрасни се изведува на три начини: стандардно, интензивно или индивидуално. Вкупниот фонд на часови, како за стандардната така и за интензивната настава, изнесува 64 часови*45 мин., односно 32*90 мин. Стандардната настава се одвива два пати неделно и секој час трае 90  минути (2*45мин.). Курсот е со времетраење од четири месеци. Додека пак интензивната настава се одвива три пати неделно по 90 минути (2*45мин.) и трае два месеци, две недели и два дена. Освен стандардно и интензивно, наставата за оваа ниво може да се посетува и индивидуално. Времетраењето на часот, како и интензитетот на самиот курс го одредува слушателот, од што ќе зависи и времетраењето на самиот  курс. Вкупниот фонд на часови, како за стандардната така и за интензивната настава, изнесува 64 часови*45 мин., односно 32*90 мин. Стандардната настава се одвива два пати неделно и секој час трае 90  минути (2*45мин.). Курсот е со времетраење од четири месеци. Додека пак интензивната настава се одвива три пати неделно по 90 минути (2*45мин.) и трае два месеци, две недели и два дена. Освен стандардно и интензивно, наставата за оваа ниво може да се посетува и индивидуално. Времетраењето на часот, како и интензитетот на самиот курс го одредува слушателот, од што ќе зависи и времетраењето на самиот  курс.

Програмата е поделена  на 4 (четири) units (глави),а секоја unit (глава) се дели на 5 (пет) lessons (лекции).    Еден Unit се поминува за 14 часови по 45 минути, односно 7 часови по 90 мин., додека пак еден lesson се поминува за 2 часови од по 45 минути, односно 1 час од по 90 мин. По завршувањето на оваа ниво следува проверка на материјата предвидена за оваа ниво преку писмен и устен испит. Секој ученик со положувањето на испитот се здобива со диплома за завршен степен  А1/1 во согласност со европската рамка за степенување. (CEFR)

  1. Граматички и говорни делови кои ученикот ќе ги изучува во оваа ниво:
  • Поздрави
  • Глаголот „сум“, броеви и денови од неделата
  • Придавки, присвојни придавки , показни заменки, предметни заменки
  • Употреба на определен и неопределен член
  • Сегашно време
  • Зборување за времето (часот)
  • Прилози за зачестеност
  • Предлози за време

Резултати од програма

[:mk]Очекувани резултати: По завршувањето на степенот ученикот е способен да: - Се претстави, ги даде своите лични податоци (пополни едноставен формулар) - Разговара за себе, претстави трето лице - Зборува за своето семејство и пријатели, за нивните професии, навики и секојдневни активности употребувајќи одредени често употребувани фрази - Да спроведе едноставен разговор во авион (со стујардеса), се пријави во хотел, спроведе разговор во кафетерија и продавница за облека. - Пополнува формулар, пишува неформално писмо/ e-mail[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Нема.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 20 40
Пракса 20 40
Оценување 10 20
Вкупен број на часови 50
10 STUDENTS ENROLLED

    [:en]Детали за понудувач на услуги[:mk]Instructor Details[:al]Instructor Details[:]

    Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
    top
    © 2018 Developed by Unet
    Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support