Опис на програма

English File elementary  (units 7-12)
Во вториот степен е планирано возрасните да ги зацврстат основите на англискиот јазик со што ќе добијат основа за понатамошна надградба, а исто така и да се поттикнат да зборуваат на англиски јазик и да се снајдат во секојдневни ситуации. За таа цел тие треба да се послужат со основните алатки: граматика, вокабулар и изговор. На овие три елементи им се дава подеднакво знаење во горенаведената книга. Темите и вокабуларот се прилагодени на оваа возрасна група слушатели. Целите на курсот се остваруваат преку застапеност на сите јазични вештини.
1. Зборување – се обработуваат теми што поттикнуваат интерес за разговор и чести се приликите за употреба на новиот вокабулар. Зборувањето како јазична вештина е застапено во секоја лекција. Има активности со информациски празнини за да се поттикне комуницирање. Активностите се за работа во парови, групи, а има и игри во кои слушателите го употребуваат стекнатиот вокабулар.
2. Слушање – кај слушателите во првиот степен се гради самодоверба за слушање и разбирање на текстови на англиски јазик и се охрабруваат да ја разберат суштината, а не секој збор. Одбрани се интересни текстови за слушање. Со тоа што се работи на вежби со изговор им се помага на слушателите да се навикнат на говорители на англискиот јазик. Опфатени се и песни што за слушателите е уживање и мотивација.
3.Читање – слушателите се поттикнуваат да ја развијат вештината читање со тоа што се обработуваат интересни теми и текстовите поттикнуваат активност. Текстовите за читање во горенаведената книга се адаптирани од различни вистински извори (британскиот печат, списанија, нови веб страници). Со читањето како јазична вештина слушателите го збогатуваат вокабуларот и го зацврстуваат стекнатото знаење од граматиката.
4. Пишување – зголемената примена на интернет и постоењето на Е-mail комуникацијата значи дека луѓето ширум светот пишуваат на англиски јазик повеќе од кога и да е и за деловна и за лична комуникација. Во секој дел од книгата има лекција за пишување со даден пример според кој потоа слушателите треба да напишат нешто.
5. Граматика – граматиката е претставена многу јасно и на начин што е лесен за помнење. Книгата изобилува различни вежби. На крајот од книгата има банка за граматика каде што има јасни правила, реченици за пример и вообичаени грешки.
Во вториот степен се изучува минато определено време (Past Simple Tense), there is/there are, бројни и небројни именки, прашања со how much/how many, be going to (за планови и предвидувања), придавки и степенување, would like to, прилози, минато неопределено време ( Present Perfect Tense), споредба меѓу Past Simple и Present Perfect Tense.
Вокабулар – во првиот степен слушателите се фокусираат на зборови што често се употребуваат и на чести лексички области во реални рамки. Книгата има и банка на вокабулар што дава можност добро да се извежба научениот вокабулар – формирање зборови, изрази за минато време, глаголски фрази со глаголите go, have, get, предлози за место и движење, станови, куќи, мебел, уредување, населби и град, храна.

Резултати од програма

[:mk]На крајот од наставата се очекува слушателите да имаат стекнато основни познавања од англискиот јазик соодветни на нивото што се изучува, да ги имаат усвоено јазичните вештини и да можат практично да го користат стекнатото знаење.[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Средношколци или возрасни/ со тестирање за предзнаење[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 29 83
Пракса 1 3
Оценување 5 14
Вкупен број на часови 35
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support