Опис на програма

Курсот по англиски јазик, прв степен, А1.1 се спроведува по најнова програма која е наменета за изучување на англискиот јазик на почетното A1.1 ниво според Европската референтна јазична рамка и истата е соодветна за оние слушатели кои немаат (или имаат многу мало) предзнаење од англискиот јазик со цел стекнување основни познавања од јазикот и развивање на соодветните комуникациски вештини соодветни за ова ниво.

Како основни наставни материјали за работа во наставата се користат учебник, работна тетратка, аудио ЦД-а, ДВД и софтвер за интерактивна табла надградени со дополнителни вежби и други содржини според потребите на слушателите, а по проценка на одговорниот професор.

Со програмата се опфатени сите четири јазични вештини: читање, слушање, пишување и зборување во комбинација со неопходните граматички содржини и вокабулар како темел на изучувањето на јазикот, а неизоставен дел од наставата се и вежбите за изговор на англиските гласови.

Наставната содржина е распределена во тематски единици кои обработуваат современи теми од секојдневното живеење надополнети со видео епизоди во кои англискиот јазик е употребен во практични ситуации сè со цел овозможување на слушателите да го употребат јазикот во пракса.

За времетраење на програмата се спроведува и периодична евалуација на стекнатото знаење на слушателите во форма на тестови со што слушателите добиваат увид во сопственото знаење, а со тоа се детектираат и потенцијалните слабости со цел посветување дополнително време на нивно совладување.

Слушателите се активно вклучени во наставниот процес преку современи дидактички методи вклучувајќи и индивидуален, но и групен пристап на работа.

По успешно завршување на програмата, слушателите полагаат соодветен завршен испит по чие положување се стекнуваат со диплома за успешно завршен прв степен по англиски јазик на основно A1.1 ниво.

Резултати од програма

[:mk]По завршување на програмата, слушателите ќе бидат во можност да го користат стекнатиот вокабулар во комуникациски цели и тоа во поглед на:
  • поздравување;
  • претставување;
  • пренесување лични податоци;
  • употреба на главни и редни броеви;
  • употреба на бои и делови од облека;
  • употреба на денови од седмицата, месеци во годината и датуми;
  • употреба на годишни времиња и временски услови;
  • користење вокабулар за континенти, земји, градови и националности;
  • следење општи инструкции дадени од страна на професорот што се користат при работа на часовите;
  • именување предмети од секојдневието;
  • опис на физички изглед со соодветните описни придавки;
  • пријавување и одјавување во хотел;
  • користење придавки за искажување чувства;
  • давање сугестии и предлози;
  • користење извинувања и молби;
  • давање просторни инструкции;
  • користење глаголски фрази;
  • користење професии;
  • искажување на времето (часовникот);
  • користење прашални зборови во прашални реченици;
  • употреба на вокабулар за во ресторан / кафертерија (правење порачки од мени)
  • употреба на вокабулар за членовите во поширокото и потесното семејство;
  • користење вокабулар за секојдневни рутински повторливи активности;
  • користење прилози за зачестеност;
  • искажување способност или неспособност;
  • употреба на вокабулар при купување во продавница / бутик
  • употреба на вокабулар за извршување телефонски разговори;
  • употреба на вокабулар за видови музика, музички инструменти и други музички поими;
  • пополнување формулари;
  • пишување неформални писма.
Исто така, по завршување на програмата, слушателите ќе бидат во можност да ги применуваат во пракса и следните граматички структури:
  • подметни заменки;
  • глаголот СУМ (TО BЕ) во потврдна, прашална и одречна форма;
  • присвојни придавки;
  • членови во англискиот јазик;
  • показни заменки;
  • правилни и неправилни множински именски форми;
  • заповеден начин;
  • сегашно просто време (Present Simple Tense) во потврдна, прашална и одречна форма со соодветните употреби на времето;
  • прилози за зачестеност и нивна местоположба во реченицата;
  • збороред во прашални реченици со и без прашален збор на почетокот од реченицата;
  • присвојност;
  • предлози;
  • модален глагол CAN за искажување способност/неспоспобност
  • сегашно трајно време (Present Continuous Tense) во потврдна, прашална и одречна форма со соодветните употреби на времето;
  • предметни заменки;
  • глаголска именка во комбинација со глаголи што искажуваат чувства.
[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Не е потребно предзнаење за влез во оваа програма. Слушателот треба да е над 15 годишна возраст.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 15 44
Пракса 15 44
Оценување 4 12
Вкупен број на часови 34
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support