Опис на програма

Главна цел на програмата е учесникот да се стекне со основни познавања од англискиот јазик,  при што ќе може да го разбира и активно да го користи говорниот и пишаниот англиски на ниво А1.1 според Заедничката европска референтна рамка за јазици. Со помош на стекнатото знаење на англискиот јазик на учесниците во програмата ќе им се олесни секојдневната комуникација на англиски јазик и ќе имаат поголема можност за вработување.

 

Начинот на реализација на програмата е да им овозможи на учесниците да се стекнат со основни знаења на англискиот јазик за да можат да разберат едноставен говор и текст, да можат да постават едноставни прашања и да одговорат на истите, да можат да опишат предмети, луѓе, да зборуваат за секојдневни искуства, како и да можат да напишат кратки реченици и краток едноставен текст.

 

Времетраењето на програмата е 72 часа кои се комбинација од теоретски и практичен дел.

 

Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршувањето на секоја тематска целина преку усна и писмена проверка, после целосна реализација на сите тематски целини преку проверка на целокупното знаење.

Резултати од програма

По завршување на програмата учесникот ќе биде способен да:
  • Разбира едноставни упатства и да биде способен самостојно да даде упатства користејќи кратки реченици;
  • Разбира броеви, да умее да праша за цена и да го каже времето;
  • Прочита кратки натписи и текстови во весници или списанија;
  • Прочита и напише кратки пораки за пријателите и фамилијата;
  • Се претстави и запознае со некого;
  • Разговара за секојдневни теми;
  • Направи секојдневни набавки во продавница;
  • Опише местото на живеење;
  • Пишува едноставна честитка или картичка;
Пополнува формулар со лични податоци.

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Лицето да има завршено најмалку основно образование и да го познава латиничното писмо[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 8 11
Пракса 60 83
Оценување 4 6
Вкупен број на часови 72
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support