Опис на програма

Курсот по англиски јазик, A1 ниво, овозможува кандидатите да се оспособат да употребуваат секојдневни изрази и фрази. Учебникот New English File (elementary) се состои од 9 тематски единици од кои првите пет се предвидени во курикулумот за А1 ниво и истите ќе се изучуваат во оваа програма. Секоја од темите е поделена на граматички дел, вокабулар, јазични вештини (зборување, читање, слушање и пишување), секојдневен англиски јазик или употреба на јазикот. Граматика: Кандидатот ќе се запознае со основните граматички поими бидејќи New English File (elementary 1-5) нуди основно и интензивно изучување на сегашно и минато време. Во оваа ниво се изучуваат: TO BE, HAVE GOT, Аrticles, Possessive Adjectives, Questions, Present Simple, Present Continuous, Modals (can, could-ability and functional), Past Simple (TO BE), и Past Simple. Вокабулар: Вокабуларот кој се изучува со оваа програма опфаќа: броеви, националности и земји, лични информации и податоци, основни глаголи, бои, секојдневна рутина, слободни активности, музика, издрази за минато време. Јазични вештини: Кандидатите почнуваат со разработка на кратки текстови, кои се усложнуваат како што напредува програмата. Текстовите кои се обработуваат ги охрабруваат кандидатите да преознаваат основни фрази и изрази. Исто така, канидатите учат да пишуваат кратки печеници, потполнуваат формулари и прашалници, опишуваат личности, и да пишуваат крати писма. Активности на слушање на ова ниво опфаќаат: кратки инструкции, слушање за броеви, кратки инструкции, опис на лица, договори за одреден ден или датум и навики и рутини. Слушателот се здобива со вештини за слушање и истовремено разбирање на пораката како и следење на инструкциите. Канидатот ќе одговара, заокружува, пополнува, и надополнува прашања повразани со слушантото. Исто така, ќе ги слушне и научи основните издрази како да се снаоѓа во хотел, кафуле, авион, и во продавница за подароци. Слушателите почнуваат да зборуваат основни фрази, за себе и своето семејство. Кадидатот ќе научи да зборува и разбира секојдневни изрази што служат за задоволување на едноставни и конкретни потреби.
Во реализација на програмата ќе се применуваат: • наставни методи(монолошка, илустративна,дијалошка, дискусија, разговор, презентација), • наставни техники(сложувалка, играње на улоги, бура на идеи, итн.) кои ќе му овозможат на кандидатот континуирана активност за време на траење на курсот. • Оценувањето на постигањата на кандидатите ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата во текот на целиот курс, усно, писмено, и на завршниот испит. Наставата ќе се одвива во предавална со потребната опрема според норматив за простор и наставни средства и помагала (ИКТ, табла, учебник, наставни ливчиња, материјали подготвени од наставник). Наставата ќе ја изведува: дипломиран професор, со завршени студии по англиски јазик, наставна насока. Времетраењето на курсот е 32 часа (еден час е во трање од 90 минути) од кои за нов наставен материјал се предвидени 19часа ,за вежби и тематски тестови 12часа и 1 час е предвиден за завршен тест со кој се утврдува севкупно постигнато знаење и тоа: разбирање(слушање и читање), пишување, зборување (интерактивен и продуктивен говор), според заедничка европска рамка. Кандитатот кој успешно ќе го заврши курсот се здобива со уверение, според заедничка европска рамка. Програмата нуди можност за изучување на повисок степен.

Резултати од програма

[:mk]По завршување на програмата, слушателот ќе биде способен и ќе умее да користи познати секојдневни изрази и најосновни фрази во врска со задоволување на потреби од конкретен тип. Ќе умее да се претстави себе си и другите, да размени основни податоци со соговорникот, но под услов тој да зборува јасно и бавно. Слушателите ќе можат со леснотија да го користат сегашното и минатото време, како и да владеат со изучениот вокабулар. Слуштелот ќе може да каже колку е часот, што поседува, и да ја каже професијата на сите од неговото окружување, ќе умее да изрази чувства, и ќе може да зборува на тема музика, датуми, семејство, училница, слободни активности и способности.[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Нема.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 19 59
Пракса 12 38
Оценување 1 3
Вкупен број на часови 32
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support