Опис на програма

Курсот по англиски јазик, втор степен, А1.2 се спроведува по најнова програма која е наменета за изучување на англискиот јазик на елементарното A1.2 ниво според Европската референтна јазична рамка и истата е соодветна за оние слушатели кои имаат претходно предзнаење од јазикот на A1.1 ниво. Тоа значи дека програмата е содржински последователна на претходното ниво и со нејзино совладување слушателот  дополнително ќе ги надгради своите знаења и ќе ги подобри комуникациските вештини со што во целост ќе го заокружи нивото A1 и ќе биде подготвен за следното A2 ниво.

Како основни наставни материјали за работа во наставата се користат учебник, работна тетратка, аудио ЦД-а, ДВД и софтвер за интерактивна табла надградени со дополнителни вежби и други содржини според потребите на слушателите, а по проценка на одговорниот професор.

Со програмата се опфатени сите четири јазични вештини: читање, слушање, пишување и зборување во комбинација со неопходните граматички содржини и вокабулар како темел на изучувањето на јазикот, а неизоставен дел од наставата се и вежбите за изговор на англиските гласови.

Наставната содржина е распределена во тематски единици кои обработуваат современи теми од секојдневното живеење надополнети со видео епизоди во кои англискиот јазик е употребен во практични ситуации сè со цел овозможување на слушателите да го употребуваат јазикот во пракса.

За времетраење на програмата се спроведува и периодична евалуација на стекнатото знаење на слушателите во форма на тестови со што слушателите добиваат увид во сопственото знаење, а со тоа се детектираат и потенцијалните слабости со цел посветување дополнително време на нивно совладување.

Слушателите се активно вклучени во наставниот процес преку современи дидактички методи вклучувајќи и индивидуален, но и групен пристап на работа.

По успешно завршување на програмата, слушателите полагаат адекватен завршен испит по чие положување се стекнуваат со диплома за успешно завршен втор степен по англиски јазик на елементарното A1.2 ниво.

Резултати од програма

[:mk]По завршување на програмата, слушателите ќе бидат во можност да го користат стекнатиот вокабулар во комуникациски цели и тоа во поглед на:
  • употреба на вокабулар поврзан со домот (видови соби, предмети во домаќинството);
  • давање опис на својот дом;
  • користење предлози за местоположба и движење;
  • употреба на термини од темата храна (видови овошје, зеленчук, храна за доручек, ручек , вечера, ужина);
  • користење поими за објекти, градби и места во населено место;
  • употреба на временски изрази (прилози) за искажување минато време;
  • барање помош на улица и давање инструкции за насоки на движење;
  • користење вокабулар при разгледување знаменитости;
  • порачување храна во бар/ресторан;
  • составување официјална кореспонденција по електронска пошта;
  • користење глаголски фрази и колокации;
  • употреба на прилози за начин и нивна местоположба во реченицата;
  • користење изрази од областа на интернетот;
  • употреба на термини за видови јавен превоз;
  • користење аеродромски вокабулар.
Исто така, по завршување на програмата, слушателите ќе бидат во можност да ги применуваат во пракса и следните граматички структури:
  • минато време од помошниот глагол СУМ (Past Simple Tense forms of TO BE);
  • минато определено свршено време (Past Simple Tense) во потврдна, прашална и одречна форма со соодветните употреби на времето;
  • правилни и неправилни глаголски форми во минато време;
  • some/any во комбинација со множинска форма на именка;
  • there is / there are / there was / there were;
  • бројни и небројни именки во комбинација со соодветните изрази за количество:
some, any, much, many, (a) few, (a) little, a lot of;
  • степенување придавки (компаратив и суперлатив) со правилна и неправилна компарација;
  • be going to за искажување идни намери односно планови и предвидувања;
  • прилози за начин и модификатори;
  • глаголи по кои следи ТО-инфинитив;
  • минато неопределено време (Present Perfect Tense) во потврдна, прашална и одречна форма со соодветните употреби на времето;
  • минат партицип со правилни и неправилни форми.
[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]За влез во оваа програма потребно е слушателот да има претходно предзнаење од A1.1 ниво кое се одредува со спроведување на влезен тест. Исто така, слушателот треба да е над 15 годишна возраст.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 15 44
Пракса 15 44
Оценување 4 12
Вкупен број на часови 34
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support