Опис на програма

Слушање Разбирање на едноставни упатства од точка А до точка Б, пешки или со јавен превоз; основни прашања, инструкции изговорени бавно и внимателно, како и куси, едноставни упатства; броеви, цени и временски изрази, Читање Читање на информации за луѓе во весниците (нивно место на живеење, возраст и сл.); за концерт или филм, каде се одржува и во колку часот почнува, распоред на јавни настани или на плакат; текстот на формулари (дозвола за влез во земја, пријава во хотел), податоци за себе (име, презиме, датум на раѓање, националност); зборови и фрази на знаците со кои се среќавам во секојдневниот живот; најбитните наредби на компјутерските програми, како што се ‘’ИСПЕЧАТИ”, “ЗАЧУВАЈ”, “КОПИРАЈ”, и сл.; куси едноставни пораки на картички; во секојдневни ситуации, едноставни пораки напишани од пријателите иили од колегите (на пр. ‘’Се враќам во 4 часот’’) Зборување Претставување на себе и друго лице, основните изрази при средба и заминување; едноставни прашања и одговорање, едноствани тврдења, и одговори за себе на познати теми и за непосредни и едноставни потреби во продавница, пошта,банка, ресторан; броеви, количини, цени и временски изрази; прашања за место на живеење, на други луѓе и предмети што ги поседуваат; зборување за лични податоци, за семејството, хоби и опис на место на живеење. Пишување Пополнување на формулар со лични податоци, пишување на честитка, куса порака, и пишување на едноставни реченици и фрази за себе. Граматика Членови, заменки, прилози за време, место, начин, зачестеност, придавки , компарација и суперлатив на придавки, основна употреба на некои модални глаголи, сегашно време и прилози за сегашните времиња (Present Simple, Present Continuous), прашални зборови, заповеден начин, Бројни /небројни именки, зборови за изразување на количество, Идно време (will, going to), минато време (Past Simple to be, Past Simple), I’d like , like I v-ing.

Резултати од програма

[:mk]А1 Ниво Слушање Можам да го разберам соговорникот кога зборува многу бавно, со јасен изговор и ми дава време да го сфатам значењето; едноставни упатства како да стигнам од точка А до точка Б, пешки или со јавен превоз; да разберам што ме прашуваат, да следам инструкции изговорени бавно и внимателно, како и да следам куси, едноставни упатства; да разберам броеви, цени и временски изрази.   Читање Можам да разберам информации за луѓе во весниците (нивно место на живеење, возраст и сл.); да пронајдам концерт или филм, каде се одржува и во колку часот почнува, од распоред на јавни настани или на плакат; текстот на формулари (дозвола за влез во земја, пријава во хотел) доволно брзо за да ги дадам најосновните податоци за себе (име, презиме, датум на раѓање, националност); зборови и фрази на знаците со кои се среќавам во секојдневниот живот; најбитните наредби на компјутерските програми, како што се ‘’ИСПЕЧАТИ”, “ЗАЧУВАЈ”, “КОПИРАЈ”, и сл.; куси едноставни пораки на картички; во секојдневни ситуации можам да разберам едноставни пораки напишани од пријателите иили од колегите (на пр. ‘’Се враќам во 4 часот’’)   Зборување Можам да претставам некого и да ги користам основните изрази при средба и заминување; да поставам едноставни прашања и да одговорам на нив, да изразам едноствани тврдења, или да одговорам на нив, доколку се од областа на моите непосредни потреби или на познати теми; да извршам основни набавки доколку се служам со покажување; да се служам со броеви, количини, цени и временски изрази; да разговарам и поставувам прашања за место на живеење, луѓе кои ги познаваат и предмети што ги поседуваат; можам да давам лични податоци, да зборувам за семејството, хоби и да го опишам своето место на живеење.   Пишување Можам да пополнам формулар со моите лични податоци, да напишам честитка, куса порака, и да пишувам едноставни реченици и фрази за себе.  [:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Нема.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 90 45
Пракса 90 45
Оценување 20 10
Вкупен број на часови 200
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support