Опис на програма

Целта на насавата по англиски јазик е да го оспособи учесникот да комуницира на англиски јазик во функција на понатамошното образование и кариера, да ги унапреди јазичните вештини, да обезбеди можности за самообразование земајќи ја предвид важноста на англискиот јазик за вработување и  професинално напредување.
Процесот на учење на англискиот јазик се дели на одреден број на компоненти и тоа: слушање, зборување, читање, пишување, комуникативни модели, граматика, вокабулар и култура.
А2(осовно рамниште) зборува со повеќе самодоверба, води не многу сложена конверзација,пишувa и разбира едноставно напишан текст, разбира поширок круг на вокабулар.
1. Граматика: консолидирање на граматичките времиња; обработка на прашални форми со употреба на прашални зборови во формите за сегашно време; обработка на изрази за квантитет; членови, одреден и неодреден; глаголски структури со идни временски форми; компаративна и суперлативна форма кај придавките; обработка на сегашно сложено време и правилна употреба на неговите прилози; модални глаголи; временски реченици, условни реченици од прв тип; пасивни конструкции; условни реченици тип 2. 2. Слушање со разбирање: видови зборови; зборови со повеќе од едно значење; колокации; сврзувачки зборови; прилози; глаголи со спротивно значење; временски изрази; продавници; придавки со наставка од сегашен и минат партицип; синоними и антоними; професии; именки и придавки; изговор- акцентирање; фразални глаголи. 3. Зборување: користење на учтиви изрази; покажување интерес и изненадување; дискусија за живот во странство; раскажување приказна; зборување за цени и валути; купување и пазари; размена на информации за емотивна состојба; зборување за проблеми и давање совети; зборување за омилени работи кои се бесплатни; дискусија- имигрантите во твојот град; разговор- кратки одговори; интервју со позната музичка група; зборување за правила во семејството; дискусија- машки и женски професии; давање насоки; телефонски разговор; дискусија за пронајдоци кои го промениле светот; давање совет; животни одлуки; употреба на учтиви изрази. 4: Читање: запознавање; што понатаму; пазар; што сакаш да сториш; слава; места и нешта; за и против; дестинации; нешта кои го променија светот; хипотетички ситуации; да се стори најдоброто. 5: Пишување: опишување пријател; пишување на e-mail; пишување разгледница; пополнување на формулар; опис на место- мојот роден град; пишување биографија; пишување формални и неформални писма и/ или e- mail пораки; пишување есеј- предности и недостатоци на патување со воз; пишување критика за филм и / или книга; пишување говор; употреба на сврзници.

Резултати од програма

[:mk]Резултатите на прогамата произлегуваат од целите и по  успешно завршен модул од програмата учесникот ке биде оспособен да: се здобие со фонд на знаење кој ќе му помогне да совлада вештини за усвојување елементарни информации за тековни настани, да користи и препознава предвидени подолги усни изрази и пораки со основен фонд на зборови. По завршување на овој модул учесникот ќе може да разбере по сложен текст ако му се говори со нормално темпо; да одговата на посложени прашања користејќи се со секојдневни  фрази, но и вокабулар од полето на образование. Ќе може да пишува кратки писма неформални и по прости формални. Ќе може да се снајде во средина каде се зборува англискиот јазик под услов да е стандарден.[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Минимум 70% од тестовите и успешно завршени практични задачи.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 10 7
Пракса 58 87
Оценување 4 6
Вкупен број на часови 72
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support