Опис на програма

Курсот по англиски јазик, четврт степен, А2.2 се спроведува по најнова програма која е наменета за изучување на англискиот јазик на почетното средно A2.2 ниво според Европската референтна јазична рамка и истата е соодветна за оние слушатели кои имаат претходно предзнаење од јазикот на A2.1 ниво. Тоа значи дека програмата е содржински последователна на претходното ниво и со нејзино совладување слушателот дополнително ќе ги надгради своите знаења и јазични вештини кои би му овозможиле подобри комуникациски способности со што во целост ќе го заокружи нивото A2 и ќе биде подготвен за следното B1 ниво.

Како основни наставни материјали за работа во наставата се користат учебник, работна тетратка, аудио ЦД-а, ДВД и софтвер за интерактивна табла надградени со дополнителни вежби и други содржини според потребите на слушателите, а по проценка на одговорниот професор.

Со програмата се опфатени сите четири јазични вештини: читање, слушање, пишување и зборување во комбинација со неопходните граматички содржини и вокабулар како темел на изучувањето на јазикот, а неизоставен дел од наставата се и вежбите за изговор.

Наставната содржина е распределена во тематски единици кои обработуваат современи теми од секојдневното живеење надополнети со видео епизоди во кои англискиот јазик е употребен во практични ситуации сè со цел овозможување на слушателите да го употребуваат јазикот во пракса.

За времетраење на програмата се спроведува и периодична евалуација на стекнатото знаење на слушателите во форма на тестови со што слушателите добиваат увид во сопственото знаење, а со тоа се детектираат и потенцијалните слабости со цел посветување дополнително време на нивно совладување.

Слушателите се активно вклучени во наставниот процес преку современи дидактички методи вклучувајќи и индивидуален, но и групен пристап на работа.

По успешно завршување на програмата, слушателите полагаат адекватен завршен испит по чие положување се стекнуваат со диплома за успешно завршен четврт степен по англиски јазик на почетното средно A2.2 ниво.

Резултати од програма

[:mk]По завршување на програмата, слушателите ќе бидат во можност да го користат стекнатиот вокабулар во комуникациски цели и тоа во поглед на:
  • користење глаголи и глаголски фрази по кои следува или глаголска именка или TO-инфинитив;
  • искажување здравствени проблеми и симптоми, водење конверзација во аптека;
  • употреба на глаголски фрази со глаголот GET;
  • употреба на вокабулар за видови животни;
  • искажување движење со соодветни предлози;
  • изразување обврска, забрана, совет и можност со соодветните модални глаголи;
  • искажување предминати дејства;
  • официјална кореспонденција по електронска пошта;
  • изразување сопствено мислење на дадена тема во писмена форма на есеј.
Исто така, по завршување на програмата, слушателите ќе бидат во можност да ги применуваат во пракса и следните граматички структури:
  • прашални реченици без помошни глаголи во нивната структура;
  • глаголска именка и инфинитив со TO пред него и нивните употреби;
  • модалниот глагол must наспроти have to и одречните форми mustn’t наспроти don’t have to;
  • модалните глаголи should, shouldn’t, ought to, ought not to за давање совети;
  • модалните глаголи might / might not за искажување можност;
  • условни реченици со акцент на нулта, прв и втор кондиционал;
  • присвојни заменки (во споредба со присвојни придавки);
  • минато неопределено време (Present Perfect Tense) со употреба на for и since;
  • пасивна структура на реченица;
  • used to / didn’t use to за искажување повторливи дејства во минатото;
  • деливи и неделиви фразални глаголи;
  • искази за согласување со соговорникот со употреба на so / neither во комбинација со помошни глаголи;
  • предминато време (Past Perfect Tense) во потврдна, прашална и одречна форма со соодветните употреби на времето;
  • индиректен говор кај потврдни / одречни реченици
[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]За влез во оваа програма потребно е слушателот да има претходно предзнаење на A2.1 ниво кое се одредува со спроведување на влезен тест. Исто така, слушателот треба да е над 15 годишна возраст.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 15 44
Пракса 15 44
Оценување 4 12
Вкупен број на часови 34
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support