Опис на програма

Програмата New English File elementary (тематски единици 6-9) е насочена кон оспособување на слушателот да користи изрази сврзани со области од најнепосредна важност. Во ова ниво се обработуваат тематските единици од шест до девет. Секоја од темите е поделена на граматички дел, вокабулар, јазични вештини (зборување, читање, слушање и пишување), секојдневен англиски јазик или употреба на јазикот. Граматика: Во А2 нивото се опфатени веќе познатите структури кои се повторуваат преку споредба и надградба. Слушателот ќе биде во можност да се запознае со: показни заменки (there is, there are), present continuous, be going to, comparative and superlative adjectives, would like to, adverbs, present perfect. Вокабулар: Слушателот ќе го надградуи својот зборовен фонд и ќе ги научи изразите поврзани со: куќа и мебел, предлози за место, глаголски фрази, места во градот, храна, одмор, придавки за личност, време, авантура, и чести предлози. Јазични вештини: Кандидатите ќе читаат текстови кои ќе се обработуваат преку прашања. Текстовите во оваа програма најчесто обработуваат едноставни и познати теми со конкретна содржина во кои се користи секојдневен и деловен вокабулар. Слушателите ќе учат да пишуваат кратки текстови, како на пример разгледница, барање и давање инструкции и правење резервација. При сите активности на пишување ќе се користи вокабуларот и граматиката кои веќе се изучувани за функција на пишување. Канидатите ќе слушаат и обработуваат говорни пораки. Исто така, оваа ниво ќе ги охрабри слушателите да го слушаат јазикот што е можно повеќе и надвор од училницата. Канидатите исто така вежбаат зборување и ги подобруваат вештините за зборување и можат да прераскажуваат случки од минтатото и да ги споделат своите планови за иднината. Во реализација на програмата ќе се применуваат:  наставни методи(монолошка, илустративна,дијалошка, дискусија, разговор, презентација), наставни техники(сложувалка, играње на улоги, бура на идеи, итн.) кои ќе му овозможат на кандидатот континуирана активност за време на траење на курсот. Оценувањето на постигањата на кандидатите ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата во текот на целиот курс, усно, писмено, и на завршниот испит. Наставата ќе се одвива во предавална со потребната опрема според норматив за простор и наставни средства и помагала (ИКТ, табла, учебник, наставни ливчиња, материјали подготвени од наставник). Наставата ќе ја изведува: дипломиран професор, со завршени студии по англиски јазик, наставна насока. Времетраењето на курсот е 32 часа (еден час е во трање од 90 минути) од кои за нов наставен материјал се предвидени 19часа ,за вежби и тематски тестови 12часа и 1 час е предвиден за завршен тест со кој се утврдува севкупно постигнато знаење и тоа: разбирање(слушање и читање), пишување, зборување (интерактивен и продуктивен говор), според заедничка европска рамка. Кандитатот кој успешно ќе го заврши курсот се здобива со уверение, според заедничка европска рамка. Програмата нуди можност за изучување на повисок степен.

Резултати од програма

[:mk]Слушателот ќе ги има утврдено граматичките категории и ќе умее да разбере реченици и често употребувани изрази сврзани со области однајнепосредна важност, како на пример основни и лични податоци, и информации сврзани со купување на намирници, вработување, и одмор. Слушателот ќе може да се вклучи во директна размена на информации за познати и рутински работи. Канидатите ќе можат да го користат јазикот со релативна леснотија и да комуницираат во јасно одредени ситуации. Исто така, кандидатите ќе можат да учествува во куси разговори, но под услов соговорникот да му помогне ако е потребно, како и да поставуваат и одговараат прашања за познати теми во предвидливи, секојдневни ситуации. Слушателот ќе може да договори состанот или резервира одмор, купи намирници и мебел за домот, да порача храна во ресторан, и да даде и побара насоки.[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Нема[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 19 59
Пракса 12 37
Оценување 1 3
Вкупен број на часови 32
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support