Опис на програма

Слушање Слушање на соговорници коишто употребуваат едноставен секојдневен говор, фрази, зборови и изрази во врска со најнепосредни приоритети, куси јасни и едноставни пораки, снимени текстови во врска со предвидливи секојдневни теми, телевизиски вести кои зборуваат за едноставни настани придружени со слика. Читање Читање на куси приказни на секојдневни познати теми, едноставни натписи во весниците проследени со слика, огласи во весници, едноставни информации, едноставни упатства за ракување со апарати и едноставни компјутерски програми. . Зборување Зборување за тоа што ни се допаѓа а што не, и дискутирање што да правиме, каде да одиме и кога да се сретнеме, прашања што прават луѓето на своето работно место и во слободно време, одговарање на покана, извинување, комуникација за основни набавки, нарачување на јадење, пијалок, информации за патувањаж, давање опис на себеси и своето семејство, зборување за образование, работно место, хоби, интереси, лични искуства и искуства од минатото. Пишување Опишување на настан со едноставни реченици, пишување на разни теми од секојдневниот живот, пополнување на формулар во врска со образование, работно место, интереси и способности, пишување на писмо, молба или благодарност и користење на изрази за поврзување на хронолошкиот ред на настаните. Граматика Членови,заменки, прилози за време, место, начин, зачестеност, придавки , компарација на придавки, модални глаголи, сегашно време и прилози( Present Simple, Present Continuous and Present Perfect), прашални зборови, заповеден начин, фразални глаголи, Минато време (Past Simple and Past Continuous), Бројни /небројни именки, зборови за изразување на количество, Идно време, Прв кондиционал, герунд

Резултати од програма

[:mk]Слушање   Можам да го разберам соговорникот доколку зборува бавно со едноставен секојдневен говор, да разберам фрази, зборови и изрази во врска со најнепосредни приоритети, да разберам содржина на куси јасни и едноставни пораки, да раберам снимени текстови во врска со предвидливи секојдневни теми, да разберам телевизиски вести кои зборуваат за едноставни настани придружени со слика.   Читање   Можам да разберам куси приказни на секојдневни познати теми, едноставни натписи во весниците проследено со слика, огласи во весници, и да ги разберам најбитните едноставни информации, едноставни упатства за ракување со апарати и едноставни компјутерски програми . Зборување   Можам да кажам што ми се допаѓа а што не, да дискутирам што да правиме, каде да одиме и кога да се сретнеме, може да прашувам што прават луѓето на свето работно место и во слободно време, да одговорам на покана, да прифатам извинување, да извршам основни набавки, да нарачам јадење или пијалок и да прашам информации за патувањаж, да се опишам себеси и своето семејство, да зборувам за моето образование, работно место, хоби, моите интереси, лични искуства и искуства од минатото.   Пишување   Можам да опишам настан со едноставни реченици, да пишувам на разни теми од секојдневниот живот, да пополнам формулар во врска со моето образование, работно место, моите интереси и способности, да напишам писмо, молба или благодарност и да користам изрази за поврзување на хронолошкиот ред на настаните.[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Постигнато знаење на англиски јазик на А1 ниво.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 180 45
Пракса 180 45
Оценување 40 10
Вкупен број на часови 400
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support