Опис на програма

Целта на насавата по англиски јазик е да го оспособи учесникот да комуницира на англиски јазик во функција на понатамошното образование и кариера, да ги унапреди јазичните вештини, да обезбеди можности за самообразование земајќи ја предвид важноста на англискиот јазик за вработување и  професинално напредување.
Процесот на учење на англискиот јазик се дели на одреден број на компоненти и тоа: слушање, зборување, читање, пишување, комуникативни модели, граматика, вокабулар и култура.
Б1(средно рамниште) учествува во подолга конверзација, пишува подолг текст, вклучувајќи и еднставен есеј,  разбира подолг текст, ги разбира главните точки на јасен и стадарден јазик, на познати теми.
1. Граматика: помошни глаголи; контрастирање сегашни времиња; дејство и состојба; контрастирање минати времиња; модални глаголи; изразување на идно време; глаголски структури; односни заменки; активна и пасивна форма; временски и условни реченици; контрастирање и употреба на сегашен перфект- просто и трајно време; индирекни прашања; индиректен говор; прашални завршетоци. 2. Слушање со разбирање: видови зборови и нивно значење; спелување; зборообразување; спорт; уметност и литература; хомофони; храна; обичаи; националности; фразални глаголи; време; транспорт; колокации; описни придавки ( храна, градови, луѓе); фразални глаголи; придавки; прилози; пари; сложени именки; зборови за изразување на количество; човечко тело; вокабулар поврзан со раѓање, брак и смрт 3: Зборување: технолошки достигнувања; што ги прави луѓето среќни; формални и неформални изрази; опишување и препорачување на филм/ книга/ драма; искажување на мислење; зборување за правила и прописи; барање и давање на дозвола; идеално патување; омилени места за јадење; разговор на телефон; интервју за работа; игри на среќа; добротворна работа;согласување и несогласување; карактерни особини; зборување за односите во семејството; искажување количество; опсесии; колекционери на необични предмети; интересни факти за светот; заборавањето како многу честа појава; обработка на песна; обичаи и традиција; комуникативни изрази. 4: Читање:прекрасен свет; среќа; правилно да се постапи; што ни се допаѓа; одмор; светот на бизнисот (деловен свет); желби и фантазии; врски; опсесии; светот околу нас; важни настани во животот; изменети слики/ замисли; историски лекции; прекрасно тело. 5. Пишување: поправање грешки во пишување; неформално писмо; приказна; контрастивен есеј; правење резервација; опис на град; писмо со кое се аплицира за работно место; опис на идеална професија; наративен писмен израз.

Резултати од програма

[:mk]Резултатите на прогамата произлегуваат од целите и по  успешно завршен модул од програмата учесникот ке биде оспособен да: владее со различни комуникативни ситуации,зборува со самодоверба на познати теми, чита без потешкотии стандарни текстови, разбира презентации и кохерентно поврзува идеи. По завршувањето на овој модул учесникот ќе може да разбере подолг говор на англиски јазик ако му се зборува разговорно, да учествува во подолги дијалози и конверзации користејќи се со прости или проширени реченици, може да пишува неформални писма и поедноставни формални и кратки раскази. Може да зборува по телефон и јасно да ја пренесе својата порака. Почнува да се вклучува во конверзации на полиња за кој што не поседува големо предзнаење.[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Минимум 70% од тестовите и успешно завршени практични задачи.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 10 7
Пракса 58 87
Оценување 4 6
Вкупен број на часови 72
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support