Опис на програма

Курсот по англиски јазик, шести степен, B1.2 се спроведува по најнова програма која е наменета за изучување на англискиот јазик на средното B1.2 ниво според Европската референтна јазична рамка и истата е соодветна за оние слушатели кои имаат претходно предзнаење од јазикот на

B1.1 ниво. Тоа значи дека програмата е содржински последователна на претходното ниво и со нејзино совладување слушателот дополнително ќе ги надгради своите знаења и јазични вештини кои би му овозможиле подобри комуникациски способности со што во целост ќе го заокружи нивото B1 и ќе биде подготвен за следното B2 ниво.

Како основни наставни материјали за работа во наставата се користат учебник, работна тетратка, аудио ЦД-а, ДВД и софтвер за интерактивна табла надградени со дополнителни вежби и други содржини според потребите на слушателите, а по проценка на одговорниот професор.

Со програмата се опфатени сите четири јазични вештини: читање, слушање, пишување и зборување во комбинација со неопходните граматички содржини и вокабулар како темел на изучувањето на јазикот, а неизоставен дел од наставата се и вежбите за изговор.

Наставната содржина е распределена во тематски единици кои обработуваат современи теми од секојдневното живеење надополнети со видео епизоди во кои англискиот јазик е употребен во практични ситуации сè со цел овозможување на слушателите да го употребуваат јазикот во пракса.

За времетраење на програмата се спроведува и периодична евалуација на стекнатото знаење на слушателите во форма на тестови со што слушателите добиваат увид во сопственото знаење, а со тоа се детектираат и потенцијалните слабости со цел посветување дополнително време на нивно совладување.

Слушателите се активно вклучени во наставниот процес преку современи дидактички методи вклучувајќи и индивидуален, но и групен пристап на работа.

По успешно завршување на програмата, слушателите полагаат адекватен завршен испит по чие положување се стекнуваат со диплома за успешно завршен шести степен по англиски јазик на средното B1.2 ниво.

Резултати од програма

[:mk]По завршување на програмата, слушателите ќе бидат во можност да го користат стекнатиот вокабулар во комуникациски цели и тоа во поглед на:
  • учество во конверзација на тема кино и филмови т.е. видови филмови и терминологија поврзана со нив;
  • употреба на термини за деловите од телото и глаголи во корелација со нив;
  • користење вокабулар од областа на образованието, образовните системи и видовите училишта;
  • целосно и темелно опишување на стан или куќа во поглед на спратови, видови соби и пространост со соодветната терминологија;
  • употреба на правилата за зборообразување со цел формирање именки од глаголи и формирање придавки и прилози од именки;
  • учество во разговор на тема работа и сите глаголски и именски фрази поврзани со работното место;
  • искажување причинско-последични и условни релации;
  • дефинирање поими со помош на релативни заменки и реченици;
  • пренесување нечиј говор во индиректна форма;
  • составување поплака во писмена форма;
  • искажување предности и недостатоци на дадена тема.
Исто така, по завршување на програмата, слушателите ќе бидат во можност да ги применуваат во пракса и следните граматички структури:
  • пасивни структури на реченици во сите глаголски времиња;
  • модалните глаголи must, can’t, may/might за изнесување заклучоци врз основа на одредени сознанија;
  • условни реченици и тоа нулта, прв, втор и трет тип кондиционал;
  • временски реченици за искажување идни дејства;
  • индиректен говор во потврдни/одречни реченици, прашални реченици и во реченици кои искажуваат заповед т.е. барање;
  • глаголска именка и инфинитив со и без TO пред него и нивните употреби;
  • изрази за искажување количество: a lot of, plenty of, much, many, (a) few, (a) little, none, too much, too many, not enough;
  • релативни заменки и релативни реченици од определувачки и неопределувачки тип;
прашални завршетоци т.е. нели-прашални реченици;[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]За влез во оваа програма потребно е слушателот да има претходно предзнаење на B1.1 ниво кое се одредува со спроведување на влезен тест. Исто така, слушателот треба да е над 15 годишна возраст.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 15 44
Пракса 15 44
Оценување 4 12
Вкупен број на часови 34
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support