Опис на програма

Слушање Слушање на подолга дискусија на литературен јазик, куси приказни, слушање на суштината на радио/вести, на телевизиски емисии на познати теми, слушање и разбирање на едноставни технички информации. Читање Читање на куси настани во весници, интервјуа во списанија, куси текстови, наоѓање на битните факти и информации, читање на пораки и стандардни писма, дописи со пријатели во кој се зборува за настани, чувства и желби. Зборување Зборување на теми, како што се теми од блиско опкружување, аранжмани со агенција во врска со патување, давање на детални упатства, искажување на чувства, согласување или учтиво несогласување со нечии мислења, зборување за искуства, соништа, надежи, амбиции, планови и намери, раскажување на филм или книга, и парафразирање на подолг текст со поедноставен јазик. Пишување Пишување на писма на пријателите и познаниците за новости и минати случки, искуства и прашања за истото, раскажување на филм, книга или опис на концерт, изразување на тажни и среќни чувства, одговарање на огласи, дописи за подетални или поспецифични информации за некој производ, пишување на маил, факс и резиме за својата биографија. Граматика Членови, прилози за време, место, начин, зачестеност, заменки, придавки , компарација на придавки и суперлатив, модални глаголи( for present and past deduction certainty, probability), сегашно време и прилози( Present Simple, Present Continuous and Present Perfect, Present Perfect Continuous), Question Tags, прашални зборови, заповеден начин, фразални глаголи, Минато време (Past Simple and Past Continuous, Past Perfect), Бројни /небројни именки, зборови за изразување на количество, Идно време (Will, Going to, Present Continuous, Future Continuous, ,Conditionals 1st 2nd, 3rd, , герунд, Simple Passive, Reported Speech –(range of tenses, statements and imperatives)

Резултати од програма

[:mk]Слушање Можам да разберам подолга дискусија на литературен јазик, да следам куса приказна, да ја разберам суштината на радио/вести, на телевизиски емисии на познати теми, можам да разберам едноставни технички информации. Читање Можам да прочитам куси настани во весници, интервјуа во списанија, да прочитам кус текст и да ги пронајдам битните факти и информации, пораки и стандардни писма, да прочитам дописи со пријатели во кој се зборува за настани, чувства и желби. Зборување Можам да разговарам на теми што ми се познати, како што се теми од моето опкружување, аранжмани со агенција во врска со патување , да дадам детални упатства, да искажувам чувства да изразам согласување или учтиво несогласување со нечии мислења, да зборувам за моите искуства, соништа, надежи, амбиции, планови и намери, да раскажам филм или книга и да парафразирам подолг текст со поедноставен јазик. Пишување Можам да пишувам писма писма на пријателите и познаниците во кои можам да раскажувам за новости и минати случки, искуства и да прашувам за истото, да раскажам филм, книга или да опишам концерт, да изразам тажни и среќни чувства, да одговорам на огласи и да замолам за подетални или поспецифични информации за некој производ, да напишам маил, факс и резиме за својата биографија.[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Постигнато знаење на англиски јазик на А2 ниво.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 260 43
Пракса 260 43
Оценување 80 14
Вкупен број на часови 600
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support