Опис на програма

Програмата New English File intermediate овозможува слушателите да го применат стекнатото знаење и се охрабруваат да го користат јазикот. Оваа програма има за цел да го активира пасивното знаење преку совладување на свежи предизвици. Програмата е составена од 7 тематски единици од кои секоја е поделена на граматички дел, вокабулар, јазични вештини (зборување, читање, слушање и пишување). Граматика: Слушателот ќе ги стави во употреба веќе изучените граматички структури преку повторување и проширување на истите. Слушателот ќе може да користи повеќе граматички структури истовремено. Во оваа програма се обработуваат present simple and continuous (action and non-action verbs, past tenses (simple, continuous, perfect), future forms, present perfect, past perfect continuous, comparatives and superlatives, must, have to, should, may, might, can’t, can, could, be able to, first and second conditional, gerunds and infinitives, reported speech, relative clauses, third conditional. Вокабулар: Слушателите изучуваат сложени изрази и конструкции како и вокабулар поврзан со храна и ресторани, спорт, семејство, личност, пари, придавки, превоз и патувања, образование, куќи, формирање именки, професии, кино, шопинг, и сложени именки. Јазични вештини: Слушателите се охрабруваат интензивно да го користат англискиот јазик преку вежби. Оваа ниво е особено насочено кон подобрување на зборувањето и употебување на наученото во говор. Меѓутоа, слушателите исто така читаат тестови кои се подолги и покомплексни и пишуваат текстови поврзани со опис на луѓе, раскажување приказни, формално и неформално писмо, резиме, рецензија на филм, статија за во списание. Кандидатите слушаат подолги разговори и се охрабруваат да слушаат што е можно повеќе и надвор од училницата. Деловите за слушање се состојат од подолги разговори или монолози во однос на кои слушателите имаат одредени задачи кои подоцна ги изнесуваат преку прашања и дискусии на определена тема која се разработува. Во реализација на програмата ќе се применуваат: • наставни методи(монолошка, илустративна,дијалошка, дискусија, разговор, презентација), • наставни техники(сложувалка, играње на улоги, бура на идеи, итн.) кои ќе му овозможат на кандидатот континуирана активност за време на траење на курсот. • Оценувањето на постигањата на кандидатите ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата во текот на целиот курс, усно, писмено, и на завршниот испит. Наставата ќе се одвива во предавална со потребната опрема според норматив за простор и наставни средства и помагала (ИКТ, табла, учебник, наставани ливчиња, материјали подготвени од наставник). Наставата ќе ја изведува: дипломиран професор, со завршени студии по англиски јазик, наставна насока. Времетраењето на курсот е 64 часа (еден час е во трање од 90 минути) од кои за нов наставен материјал се предвидени 39 часа ,за вежби и тематски тестови 24 часа и 1 час е предвиден за завршен тест со кој се утврдува севкупно постигнато знаење и тоа: разбирање(слушање и читање), пишување, зборување (интерактивен и продуктивен говор), според заедничка европска рамка. Кандитатот кој успешно ќе го заврши курсот се здобива со уверение, според заедничка европска рамка. Програмата нуди можност за изучување на повисок степен.

Резултати од програма

[:mk]По завршување на програмата, слушателот ќе забележи значително подобрување на флуентноста во зборувањето како и послесно разбирање на сложен говор. Слушателот ќе може да се впушти во подолги разговори и да разбере јасно што говори соговорникот. Исто така, слушателите ќе умеат без потешкотии да се снајдат во канцеларии, додека изнајмуваат стан, запознаваат позната личност, држат или присуствуваат на состаноци, и споделуваат важни вести. Слушателите ќе можат да ги користат сите граматички конструкции без потешкотии како и да зборуваат на различни теми како што се облека, храна и ресторани, спорт, семејство, пари, превоз и патувања, образование, куќи, професии, кино, и шопинг.[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Курсот е наменет за возрасни слушатели кои го имаат завршено Б1 нивото и со тестирање покажуваат соодветно знаење.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 39 61
Пракса 24 37
Оценување 1 2
Вкупен број на часови 64
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support