Опис на програма

Програмата New English File upper-intermediate ги подготвува слушателите да разбираат сложен текст и комуникација на конкретни и апстрактни теми како и технички дискусии од сопственото поле на специјализација. Слушателот веќе може да комуницира течно и спонтано, како и да Го објасните своето гледиште за некое тематско прашање со изложување на предностите и недостатоците на различните опции. Програмата New English File upper-intermediate содржи 7 тематски единици кои се поделени на граматички дел, вокабулар, јазични вештини (зборување, читање, слушање и пишување). Граматика: Во ова ниво слушателот го утврдува претходно стекнатото знаење и ќе се стекне со вештини да користи сложени конструкции, како што се трајни и прости иперфектни форми, активни и пасивни форми. Граматичките конструкции се повторуваат, надоградуваат и усовршуваат. Во ова ниво се усовршуваат индиректниот говор и релативните реченици и се покриваат: question formation, auxiliary verbs, present perfect (simple and continuous), narrative tenses, passive, future perfect and future continuous, conditionals and future time clauses, past modals, gerunds and infinitives, reported verbs, used to, get used to, uncountable and plural nouns, structures after wish, clauses of contrast and purpose, relative clauses. Вокабулар: Слушателите учат да употребуваат сложенки и сложени придавки и да градат зборови преку наставки и претставки. Слушателите се запознаваат со идиоми, фразални глаголи и учат да препознаваат значење на збор од самиот контекст. Во ова ниво слушателите го збогатуваат својот речник со придавки за карактерни особини, болести и лекување, облека и мода, авиотранспорт, ја увидуваат разликата помеѓу таканаречени збунувачки прилози и фрази, за прв пат се среќаваат со зборови како кривични дела и казни, надополнуваат знаења за време, и изрази со глаголот take, чувства, глаголи кои често се мешаат во користењето, зборови поврзани со човечкото тело, музика, сон, медиуми, наука, градови, бизнис и рекламирање. Јазични вештини: Слушателот се запознава со дел од темата познат како говорен јазик кој го заменува досегашниот секојдневен англиски. Во овој дел, слушателите учат и вежбаат фрази на различни теми од говорниот јазик, како „Што ни носи иднината?“, амбиции, големи ризици, сцена и екран, музички фестивали и големи градови. Слушателите се сретнуваат со текстови кои честопати се оригинални извадоци од енциклопедии, весници и списанија и од нив се бара да ја сфатат суштината и да најдат конкретна информација. Слушателите веќе можат самостојно и без потешкотии да напишат подолг текст што ќе биде примен од еден или повеќе читатели. Во ова ниво, пишаните активности вклучуваат неформално писмо или е-маил, пишување на кратка приказна, изразување на свое мислење во писмена форма, пишување на статија и извештај, формално официјално писмо, пишување на есеј –„за“ и „против“. Кандидатите слушаат разговори кои веќе ги разбираат во целост дури и разговорите на неколкумина родени говорители кои воопшто не го приспособуваат своето зборување. Слушателот се охрабрува да го применува научениот вокабулар и граматички конструкции во говорен јазик и да изнесе јасни аргументи. Во реализација на програмата ќе се применуваат: • наставни методи(монолошка, илустративна,дијалошка, дискусија, разговор, презентација), • наставни техники(сложувалка, играње на улоги, бура на идеи, итн.) кои ќе му овозможат на кандидатот континуирана активност за време на траење на курсот. • Оценувањето на постигањата на кандидатите ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата во текот на целиот курс, усно, писмено, и на завршниот испит. Наставата ќе се одвива во предавална со потребната опрема според норматив за простор и наставни средства и помагала (ИКТ, табла, учебник, наставни ливчиња, материјали подготвени од наставник). Наставата ќе ја изведува: дипломиран професор, со завршени студии по англиски јазик, наставна насока. Времетраењето на курсот е 64 часа (еден час е во трање од 90 минути) од кои за нов наставен материјал се предвидени 39 часа ,за вежби и тематски тестови 24 часа и 1 час е предвиден за завршен тест со кој се утврдува севкупно постигнато знаење и тоа: разбирање(слушање и читање), пишување, зборување (интерактивен и продуктивен говор), според заедничка европска рамка. Кандитатот кој успешно ќе го заврши курсот се здобива со уверение, според заедничка европска рамка. Програмата нуди можност за изучување на повисок степен.

Резултати од програма

[:mk]По завршување на ова ниво, слушателот ќе може да ги разбере главните идеи на сложен текст и на конкретни и апстрактни теми. Исто така, слушателите ќе можат без потешкотии да комуницираат доволно течно и спонтано со што ќе имаат нормална интеракција со родени говорители без напор од која било страна. Слушателите ќе можат да го подигнат своето изразување на повисоко ниво со користење на побогат и префинет речник, како и точни граматички конструкции. Слушателите ќе бидат во можност да имаат ефективната аргументација со која ќе ги бранат своите ставови, да изнесуваат причини и гледишта за различни опции, да развиваат дискусии, и да стават до знаење дека нивниот соговорник во некои преговори мора да направи отстапка. Слушателите веќе можат доста самостојно да читаат, приспособувајќи ги начинот и брзината на читање и селективно користејќи прирачници и помошна литература. Слушателот ќе може да пишува долги текстови во кои го зазема својот став и нема да има потешкотија во разбирање на сложени конструкции кои ги користат родени говорители кои воопшто не го приспособуваат своето зборување.[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Курсот е наменет за возрасни слушатели кои го имаат завршено Б2.1 нивото и со тестирање покажуваат соодветно знаење.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 39 61
Пракса 24 37
Оценување 1 2
Вкупен број на часови 64
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support