Опис на програма

Конверзацискиот курс по англиски јазик за возрасни има силен комуникативен пристап. Курсот се фокусира на вештините слушање и зборување и користи автентични секојдневни ситуации во кои слушателите се вклучуваат во вистинска комуникација и го користат јазикот во реален контекст. Курсот не користи учебници и не се фокусира на граматички структури.

Програмата на курсот е специјално креирана според комуникативниот пристап во наставата по англиски јазик (Communicative Language Teaching или CLT) којшто се базира на идејата дека успешното учење на јазикот доаѓа единствено од вистинска комуникација во реален контекст. Затоа курсот користи автентични аудио материјали преку кои што слушателите го учат и вежбаат јазикот преку меѓусебна интеракција. За разлика од традиционалните и веќе застарени методи каде што главен приоритет има граматичката компетенција, целта на курсот е способност на слушателите да комуницираат на англиски јазик.

Курсот не користи учебници чиишто содржини се најчесто застарени и неактуелни и можат да бидат особено демотивирачки за слушателите. Наместо тоа, курсот  користи онлајн платформи со автентични разговори во секојдневни ситуации.

Програмата на курсот е креирана според Европската референтна рамка за јазиците (CEFR) следејки го функционалниот наставен план (Functional Syllabus) Според ова, слушателите на Конверзацискиот курс по англиски јазик А2 ќе учат функционален јазик и вокабулар од секојдневни теми и ситуации.  

Резултати од програма

[:mk]По завршувањето на курсот слушателите ќе имаат совладано соодветен функционален јазик и вокабулар за да разговараат во ситуациите кои се предвидени според програмата на степенот А2: Зборување: - со едноставен јазик соодветен на нивото слушателите ќе можат да се претстават, да го објаснат семејството, да се опишат себе и други луѓе, да го опишат местото на живеење, да зборуваат на кратко за своето образование и нивната тековна или неодамнешна работа. Слушање: - да разбираат едноставни фрази и вокабулар од соодветните ситуации  како на пример основни лични информации, купување, место на живеење и работа. - да разберат кратки и јасни пораки и известувања[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Јазична компетенција соодветна на нивото А1.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 30 94
Пракса 1 3
Оценување 1 3
Вкупен број на часови 32
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support