Опис на програма

Програмата се однесувана образование на возрасни за слушатели кои сакаат да се усовршат и стекнат со знаења по Англиски јазик- основно ниво кое е соодветно на А1 според CEFR и се состои од два модула (А1.1 и А1.2). Програмата ќе се реализира преку интерактивна настава со професорот и преку употреба на компјутери за секој учесникк и проектор на кој ќе се следи наставата. Сертификатот ќе биде потврда за познавање на Англиски јазик -основно ниво(А1 според CEFR) и ќе може да се добие по успешно заавршената програма. Програмата е поделена во два модула (А1.1 и А1.2) каде кандидатот во првиот модул се здобивасо базични познавања од основните вештини (слушање, читање, говорење и пишување) кои во вториот модул се надградуваат согласно CEFR. Програмата ќе биде поделена во два семестра (по еден семестар за секој модул). Вкупен број на часови по семестар ќе изнесува 96 часа распределени во 4 месеци или поточно 24 часа месечно. Вкупното времетраење на програмата ќе изнесува 192 часа за двата модула (два семестра) распределена во 8 месеци. По завршувањето на програмата кандидатот ќе може на работните повици каде што аплицира да го приложи нивото на познавање на јазикот А1 онаму каде што се бара како и да напредува во работните позиции кои ги посакува. Секој кандидат ќе се здобие со основно (општо) познавање на Англискиот јазик кој е потребен речиси за секоја работа позиција на пазарот на трудот.

Резултати од програма

[:mk]Како резултат од завршување на програмата кандидатот треба да знае да ги употребува вештините: слушање, говорење, читање и пишување соодветно на ниво А1 според CEFR и тоа: Слушање: кандидатот треба да може да препознае зборови и фрази за себе, семејството, непосредната околина и за луѓето што ги знае кога се зборува бавно и јасно, да може да препознае фрази и зборови за лични информации, купување, вработување и непосредна околина, кратки пораки и известувања. Говорење: Кандидатот треба да може да користи едноставни реченици, прашања и одговори за опис на местото на живеење и луѓето што ги познава кога се зборува бавно и јасно, да повтори и преформулира нешта со побавно темпо на изговор, да може да користи едноставни реченици, на пр. Известувања, плакати, каталози, треба да може да чита кратки и едноставнии текстови, кратки лични писма, информации во проспекти, мени и нарачки. Пишување: кандидатот треба да знае да напише кратка разгледница, пополни формулар со лични податоци, да напише кратко лично писмо, благодарност, кратки забелешки и пораки.[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Лицето да има завршено средно тригодишно или четиригодишно образование; Лицето да биде постаро од 15 години; Да сака да се усоврши и стекне со знаења по англиски јазик.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 89 46
Пракса 92 48
Оценување 11 6
Вкупен број на часови 192
0 STUDENTS ENROLLED
    Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
    top
    © 2018 Developed by Unet
    Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support