Опис на програма

Програмата New English File advanced е напредно ниво за изучување на англискиот јазик во кое слушателот се учи да го користи јазикот флексибилно и ефективно за општествени, академски и професионални цели. Слушателот ќе научи да разбере широк опсег на сложени, подолги текстови и да препознае имплицитно значење. Програмата New English File advanced се состои од 7 тематски единици и секоја тема е поделена на граматички дел, вокабулар, јазични вештини (зборување, читање, слушање и пишување), и говорен англиски. Граматика: Во ова ниво слушателот го утврдува претходното знаење и се заокружуваат разликите помеѓу трајни и прости и перфектни форми, активни и пасивни форми. Слушателите ја усовршуваат употребата на индиректен говор, релативните реченици и се учат да употребуваат фрази и избегнуваат да ги повторуваат истите со користење на различни начини на изразување. Во оваа програма се вклучени следните граматички единици: discourse markers (linkers), have, pronouns, past (narrative tenses, used to and would,) distancing, get, speculations and deduction, adding emphasis (inversion), unreal uses of past tenses, discourse markers (adverbs and adverbial expressions),verb+object+infinitive or gerund, conditional sentences, permission, obligation and necessity, verbs of the senses, gerunds and infinitives, expressing future plans and arrangements, ellipsis and substitution, adding emphasis, cleft sentences, nouns (compound nouns and possessive forms), so and such, comparison. Вокабулар: Слушателите учат да градат зборови од глаголи, користат сложенки и сложени придавки кои се синоними и антоними и да опишат економски трендови и статистички податоци. Се проширува фондот на идиоми и фразални глаголи и се покрива вокабулар поврзан со работа, семејство, личности, јазична терминологија, време, минати искуства, технологија, пари, опис на книги, звуци и човечки гласови, историја и социјала, места и преселби, здравство и медицина, патувања и туризам, природен свет, храна и подготовка на храна, хумор. Јазични вештини: Слушателите учат да користат говорен јазик со обработување на темите: семејни тајни, време и технологија, жените и парите, факт или фикција, средба со животни, уметност и уметници, храната и готвењето околу светот. Слушателот се охрабрува да чита и разбира текстови кои се оригинални извадоци од енциклопедии, весници и списанија со цел да се прошири вокабуларот и да се подобри вештината за читање. Слушателот ќе научи да пишува различни видови есеи и извештаи, како што се пишување на писмо за апликација, пишување на статија, рецензија, пишување на есеј – балансиран и одржан аргумент, извештај, есеј – заземање на страна, пишување на поплака. Слушателот ќе се стекне со знаење да го разбере она што е изречено со стандарден говорен јазик, директно или преку медиуми. Слушателот ќе учи и применува јасно и детално да опишување сложени содржини и изнесување на сложен опис или приказна. Исто така, ќе може да поврзе тематски целини, да развие одделни ставови и да заврши со соодветен заклучок. Во реализација на програмата ќе се применуваат: • наставни методи(монолошка, илустративна,дијалошка, дискусија, разговор, презентација), • наставни техники(сложувалка, играње на улоги, бура на идеи, итн.) кои ќе му овозможат на кандидатот континуирана активност за време на траење на курсот. • Оценувањето на постигањата на кандидатите ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата во текот на целиот курс, усно, писмено, и на завршниот испит. Наставата ќе се одвива во предавална со потребната опрема според норматив за простор и наставни средства и помагала (ИКТ, табла, учебник, наставни ливчиња, материјали подготвени од наставник). Наставата ќе ја изведува: дипломиран професор, со завршени студии по англиски јазик, наставна насока. Времетраењето на курсот е 64 часа (еден час е во трање од 90 минути) од кои за нов наставен материјал се предвидени 39часа ,за вежби и тематски тестови 24 часа и 1 час е предвиден за завршен тест со кој се утврдува севкупно постигнато знаење и тоа: разбирање(слушање и читање), пишување, зборување (интерактивен и продуктивен говор), според заедничка европска рамка. Кандитатот кој успешно ќе го заврши курсот се здобива со уверение, според заедничка европска рамка.

 

Резултати од програма

[:mk]Слушателот се здобива со знаење да користи широк распон на јазикот и има течна, спонтана комуникација. Слушателот ќе може да се изразува течно и спонтано без никаков напор и да ги заобиколи евентуалните празнини. Слушателот може да разбере оргинални извадоци од текстови и умее брзо да прелета низ долг и сложен текст, пронаоѓајќи ги информациите што го интересираат. Исто така, слушателот ќе може да напише есеј или извештај во кој развива некоја тема, наведувајќи ги причините за или против некој став и објаснувајќи ги предностите и недостатоците на различните решенија. Слушателот ќе може, без вложен напор, јасно и детално да зборува за сложени теми и поврзува тематски целини. Исто така, ќе може да пренесе и пофини нијанси на значењето преку користење на сооднетна интонација.[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Курсот е наменет за возрасни слушатели кои го имаат завршено B2 нивото и со тестирање покажуваат соодветно знаење.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 39 61
Пракса 24 37
Оценување 1 2
Вкупен број на часови 64
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support