Опис на програма

Цел на програмата предвидена за Елементарно ниво А1 е да се воведат слушателите да разберат и да користат познати секојдневни изрази и најосновни фрази за задоволување на потребите од конкретен тип. Со ова ниво на познавање на англискиот јазик, слушателите можат да се претстават себеси и други лица, можат да поставуваат прашања и да одговараат на прашања поврзани со лични детали од видот: каде живеат, кои луѓе ги познаваат, нештата што ги имаат, имиња на земји и припадност. Можат да водат едноставен разговор под услов соговорникот да зборува бавно и јасно и да е подготвен да помогне. За време на наставата како и со крајот на овој дел од наставата, слушателите ќе можат да ги користат: сегашно, минато и идно време, ќе владеат со определен вокабулар од околу 1500 зборови кој варира во зависност од индивидуалните способности на секој поединец. Наставната програма предвидува 9 тематски единици од кои за прв степен предвидени се пет, а останатите четири се предвидени во курикулумот за втор степен. Секоја тема е поделена на:

Граматика: отпочнува со вовед во основните граматички категории и интензивно се продолжува со изучување на сегашно, минато и идно време, а на крај се завршува со вовед во сегашно перфектно време. Од аспект на глаголските форми, слушателите ги изучуваат глаголот TO BE (Present), HAVE/HAS GOT, Imperatives, Questions, Present Simple, Present Continuous, Past Simple (TO BE), Past Simple, Going to + V, Verb+ing, Modals (can, could – ability and functional), Nouns, Pronouns, Possessives, Prepositions and Prepositional phrases, Articles, Determines, Adjectives (Comparative/Superlative Forms), Adverbs.

Вокабулар: Вокабуларот е во домен на основни теми и функции и е во согласност со можностите на слушателите. Истиот се проширува и изучува според темите кои опфаќаат Националности и земји, Лични информации и податоци, Храна/Пијалок, работи и предмети во блиското и пошироко опкружување, патување, услуги, основни глаголи, бои, облека, опишување, семејство и семеен живот, хоби и занимливости, работа, професии, одморилетувања/зимувања, пазарење, слободни активности.

Јазични вештини:

Читање: Разработување на кратки текстови кои постепено се добиваат посложена форма и со тоа слушателите го збогатуваат својот вокабулар. Преку кратките текстови слушателите читаат изрази и препознаваат познати имиња, зборови, основни фрази, а по потреба текстот се повторува.

Пишување: Активностите на пишаната продукција се наменети за формирање на пишан текст применлив за слушателите. Како пример може да се наведат пополнување на формулари, прашалници, едноставни изолирани изрази, реченици на веќе дефинирани теми, кратки електронски пораки, кратки статии за места, личности, пишување на разгледници, инструкции за резервации (хотел, ресторан, патување).

Слушање: Активностите на слушната рецепција се насочени кон примање и обработување на говорни пораки произлезени од еден или повеќе говорници. Слушната рецепција опфаќа слушање на броеви, разлики меѓу слични броеви (13 и 30), кратки инструкции, предлози, совети, опис, навики, договарања. Се очекува слушателите да разберат упатства кои се внимателно, јасно и бавно упатени. Задачите за слушање се кратки, не обилни со информации, а разбирањето се проверува со заокружување, пополнување и/или одговор на понудени опции од текстот сто го слушале.

Зборување: Вежбите се наменети со практикување на наученото, односно, слушателите се охрабруваат да зборуваат во рамки на теми кои се дефинирани/познати, а за успешност на говорната продукција се применува работа во групи, индивидуално и/или во парови. Активностите на говорната продукција опфаќаат читање на глас на пишан текст, зборување со помош на белешки или визуелни помагала, играње на извежбана улога.

Резултати од програма

[:mk]Слушателот/Корисникот може да разбере и да користи познати секојдневни изрази и најосновни фрази за задоволување на потреби од конкретен вид. Слушателот до завршувањето на обуката во однос на горенаведените вештини може да разговара, одговара и поставува прашања со соговорник кој е подготвен да помогне и кој директно, јасно, бавно со повторување ќе учествува во разговорот. Слушателот е комплетно подготвен за препознавање на нови зборови како и поделба во која форма се истите (именки, заменки, глаголи, членови, прилози, предлози итн.).[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Нема (почетно ниво).[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 51 45
Пракса 51 45
Оценување 10 10
Вкупен број на часови 112
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support