Опис на програма

Програмата за обука на аргон заварувач претставува посебна прогарма за стекнување посебни знаења, вештини и способности на кандидатите и истата опфаќа теоретски и практичен дел кој ќе се реализира во вкупно 300 единици за обука (една единица е еквивалент на еден наставен час).

Теоретскиот дел содржи општ и посебен дел со кој кандидатот се здобива со потребните знаења предвидени во содржината на предметите.

Со практичниот дел од програмата се предвидува стручно-работно оспособување на кандидатите за практична примена на постапките за заварување,дефинирање и избор на параметрите, самостојно изведување на работните задачи и визуелна контрола.

По успешно завршување на обуката кандидатот се стекнува со сертификат за Аргон заварувач.

Резултати од програма

[:mk]Како резултат од спроведената обука се очекува кандидатите да се стекнат со следниве способности и компетенции:
  • чита едноставни конструктивни цртежи, скици, проекти и опис на работите од областа на занимањето;
  • дефинира работни чекори, средства и методи на работа;
  • анализира работна и техничка документација, подготовка на апарати, алат и прибор за работа;
  • да ги разликува и применува машинските материјали;
  • да ги познава структурните промени во материјалот по процесот на заварување;
  • изведување на заварувачки работи во технолошкиот циклус;
  • изработува делови од метални профили, цевки и подебели лимови со примена на постапка за заварување;
  • дефинира оптимални режими на заварување на материјали;
  • контрола на точност и квалитет на изработка ;
[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]За исполнување на критериумите, кандидатите треба да имаат:   -Завршено минимум основно образование, а повисок степен на образованиe ќе се смета за предност при упис. -Не е потребно да поседуваат предходни знаења, вештини и компетенции од оваа област. -Кандидатите треба да бидат постари од 17 години.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 54 18
Пракса 242 81
Оценување 4 1
Вкупен број на часови 300
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support