Опис на програма

Главната цел на програмата е учесникот да се стекне со знаења, вештини и компетенции за сервисирање на машини за шиење.

Покрај теоретскиот дел со вежби особен акцент е ставен на практичната обука на учесниците. Теоретскиот дел на програмата со вежби се реализира во училница или опремена работилница, а практичната обука се изведува во реални услови, во компаниите. При разработката  на стручната теорија со вежби ќе се води сметка за индивидуалните можности и способности на учесникот и истата ќе се реализира  преку активни методи. На крајот на успешно реализираната обука учесникот ќе се стекне со сертификат за работна оспособеност за сервисирање на машини за шиење.  Во програмата ќе се вклучат учесници со завршено средно образование.

Обуката ќе се состои од два дела, теоретски предавања со вежби и практична работа, во траење од 244 наставни часа.

Резултати од програма

[:mk]По завршување на обуката учесникот ке биде во состојба да:
  • го организира работното место;
  • ги мери и контролира со метро, подвижно мерило и аголни мерила;
  • применува прописи за заштита при работа;
  • ги продлабочи знаењата во функција на самостојно изведување на занимањето;
  • разликува постапки на заварување;
  • чита и анализира симболи на заварени врски;
  • користи опрема за гасно заварување и регулира пламен;
  • користи техничка документација;
  • заварува со примена на разни техники;
  • изведува различни завари со МАГ постапка на заварување според работниот налог: челни, преклопни, аголни, надворешни и Т аголни споеви без подготовка на
жлебови за заварување;
  • изведува различни завари со ТИГ постапка на заварување според работниот налог: челни, преклопни, аголни надворешни и Т аголни споеви без подготовка на жлебови за заварување;
  • користи опрема за заварување и заштита при работа;
  • заварува разни завари на разнородни, истородни и обоени метали;
  • изработува едноставен бизнис-план.
[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Завршено минимум основно образование. Кандидатите треба да бидат над 17 години.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 75 30
Пракса 165 66
Оценување 10 4
Вкупен број на часови 244
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support