Опис на програма

Социјална грижа дома е наменетa за корисници во нивната животна средина, за лица кои поради  возраст, инвалидност или хронична болест не можат да се грижат за себе и да се негуваат сами или да ги негуваат нивните семејства, а немаат опции за потребната грижи и за третманот. Овие се различни форми на организирана практична помош која се испорачува  на корисниците и ја заменува потребата за институционална грижа во институција, во друго семејство или другa организирана форма.

Програмата е создадена да развие знаења и вештини за давање на помош и нега на стари лица во домашни услови. Програмата е насочена кон запознавање и едукација на идните работници за обавување на услугата “помош и нега во домашни услови“, запознавање со основните карактеристики на стареењето и староста како основни предуслови за адекватна грижа за старите, а која овозможува престој на лицата во домашната средина. Самата програма е составена од 4 области кои треба да обезбедат знаења и вештини кај учесникот кој ќе ја следи оваа програма и ќе биде подготвен да ги извршува следните работи:

  1. Помагање на старите лица во одржување на домот;
  2. Помагање на старите лица во секојдневните активности;
  3. Користење ергономски и медицински принципи во дневните активности;
  4. Имплементирање и применување на правна заштита и овозможување на психолошка и социјална поддршка на старите лица.

Оваа Програма ќе биде спроведена преку теоретски и практични методи на настава. Учениците кои ќе ја завршат успешно програмата ќе можат да работат или да бараат работа како работници со ССС и искуство во работа со стари лица. Траењето на оваа Програма е 4 месеци

Резултати од програма

Развиени знаења, вештини и ставови на лицата кои ќе ја даваат услугата помош и нега на старите лица во домашни услови, обезбедена поддршка на семејствата и вклучување на  невработените лица на пазарот на трудот.   По завршување на Програмата учесникот ќе биде способен да:  
  • Демонстрира вештини за работа во тим, комуникација и проактивен пристап во пружањето на услугата;
  • Демонстрира основни знаења и вештини за услугата помош и нега во домашни услови и ги  користи во поддршката на секојдневните активности на старите лица;
  • Употребува вештини за базична нега на корисниците и примена на ергономските принципи и медицински техники;
  • Демонстрира вештини за психо-социјална поддршка на корисниците.

Критериуми за влез во програмата

За учество на обуката, потребно е заинтересираните кандидати да се пријават на јавните повици за учество во истата. Исто така, треба да ги исполнат критериумите дадени во делот на профилот на учесникот. На основа на задолжителниот и посакуваниот образовен профил, личните карактеристики и возраста, кандидатите се распоредуваат во потесен или поширок избор и во оние кои не ги исполнуваат предвидените услови. Кандидатите кои ја поминале првата селекција, се повикуваат на интервју/разговор со стручно лице. За време на разговорот се води посебна листа на проверка за секој кандидат. На крајот се избираат најсоодветните кандидати.

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 210 44
Пракса 180 37
Оценување 90 19
Вкупен број на часови 480