Опис на програма

Главната цел на програмата е организирано образование, едукација, усовршување и оспособување на учесниците во програмата за самостојно, правилно и благовремено одлучување, постапување и квалитетно изведување на работните задачи во занимањето Бравар.

Програмата за Бравар е во времетрање од 3 месеци.

Програмата се состои од 182 часови, се реализира преку теоретски дел од 37 часови, практичен дел 129 часови  и 16 часови за оценување и самоевалуација.

Теоретската настава се реализира во училница со современи наставни помагала со кој учесниците во програмата се здобиваат со потребните знаења предвидени во содржината на тематските целини кои се составен дел од програмата.

Практичната настава се спроведува преку демонстрирање на употребата, како и практична примена на опремата, машините, апаратите, уредите и алатите за извршување на работата од занимањето бравар, во уреден работилнички простор за таа цел, обуки за запознавање, управување, ракување и одржување на опремата, машините, апаратите, уредите и алатите кои се користат.

Оценувањето на добиените компетенции, знаења и вештини на учесниците во програмата се реализира преку одржување на испит. Испитот се состои од теоретски и практичен дел.

Теоретскиот дел од испитот се состои од проверка на знаењето од тематските целини кои се составен дел на програмата за обука.

Практичниот дел од испитот подразбира проверка на стекнатите знаења од управување, ракување и одржување на опремата, машините, апаратите, уредите и алатите кои се користат за извршување на работата од занимањето Бравар во уреден работилнички простор за таа цел.

Програма ја спроведува тим на искусни инжинери од дадената област на машинството, електротехниката и квалификувани бравари со минимум пет години работно искуство.

По успешно спроведената програмата, лицата ќе се здобијат со сите потребни компетенции, вештини и знаења за извршување на работата од занимањето Бравар.

По успешно завршување на теоретска и практична настава, обуките и тестирањата, на учесниците ќе им се издаде сертификат за занимањето Бравар.

Резултати од програма

[:en] [:al] [:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]  Учесниците во програмата да имаат завршено најмалку основно образование.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 37 86400
Пракса 129 86400
Оценување 86400 86400
Вкупен број на часови 166
0 STUDENTS ENROLLED
    Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
    top
    © 2018 Developed by Unet
    Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support