Опис на програма

Програмата за обука на бравар претставува посебна програма за работно оспособување, стекнување знаења, вештини и способности на кандидатите.
Главна цел е учесникот по завршување на програмата да стекне знаења, вештини и компетенции за примена на основните техники при извршување на браварски работи како и правилно користење на опремата и инвентарот на работното место, да организира сопствената работа, да организира простор и работа во работилница, рационално да ги користи материјалите, да води грижа за сопствената и безбедноста на останатите вработени, да води евиденција и подготвува пресметки за работа,да ги познава правата од работен однос и можностите за водење на сопствен бизнис.
Содржините од програмата ќе се реализираат како теоретски и практичен дел и ке се заврши со полагање на завршен испит.
Теоретскиот дел е со содржини со кој кандидатите ќе се здобијат со потребните знаења предвидени во содржината на модуларните единици и ќе се реализира во училница опремена за теоретска настава со целосна подршка на интернет мрежа за да се доближат содржините од стручно теоретскиот дел до учесниците, додека со практичниот дел од програмата се предвидува работно оспособување на кандидатите за практична примена на наученото од областа на браварството во кабинети опремени со потребниот алат,пробор и опрема.
Како начини на реализација на обуката ќе се применуваат современи методи, вербални, демонстрирање, практична работа-вежби кои ќе му овозможат на учесникот континуирана активност за целокупното траење на обуката.
Програмата за обука за занимањето бравар претставува посебна прогарма за стекнување посебни знаења, вештини и способности на кандидатите и истата ќе се реализира во вкупно 240 часа со следниве модули:
-Техничка документација
-Технички материјали
-Елементи за врска во машинство
-Технологија на браварство
-Оперативни работи
-Претприемништво и бизнис
По успешно завршување на обуката и положен завршен испит, кандидатите ќе се стекнат со сертификат за стручно-работна оспособеност за занимањето бравар .

Резултати од програма

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Кандидатот: -Да има завршено најмалку основно образование -Да има наполнето најмалку 17 години [:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 62 30
Пракса 178 70
Оценување
No instructions found !
No instructions found !
Вкупен број на часови 240
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support