Опис на програма

Програмата овозможува стекнување на информатички знаења и вештини во однос на табеларните пресметувања, во склад со барањата на современиот пазар на труди технолошкиот развој.

Целта на програмата е оспособување на учесниците да го разбираат концептот на табеларни документи ида стекнат вештини за користење табеларни документи во деловното работење и одлучување.

Програмата е наменета за сите граѓани кои сакаат да донесуваат брзи и квалитетни одлуки што е императив на секое успешно работење, поефикасно да ја извршуваат секојдневната работа, кои бараат вработување или сакаат понатамошно напредување без оглед дали станува збор за јавниот или приватниот сектор.

Програмата вклучува теорија и пракса во однос на табеларното пресметување и претставува одговор на барањата на пазарот на труд, кој условен од јакнењето на конкурентноста која се темели на примената на современите информациско комуникациски технологии од секој поединец бара познавање на основните компјутерски апликации, но и константно усовршување и професионален развој.

Информатичките вештини кои се стекнуваат со помош на оваа програма им овозможуваат на сите генерации да ги разберат и користат современите технологии за подобрување на личниот и професионален живот. Програмата овозможува систематизирано стекнување на знаења и вештини, а слушателите стануваат попродуктивни и поефикасни во извршувањето на своите задачи. Со оглед на тоа што информациската и комуникациска технологија забрзано се развива, а со самото тоа секојдневното и работно информациско опкружување станува се посложено, oваа програма ја препознава потребата и важноста на информациското описменување во однос на табеларното пресметување и тежнее кон обезбедување соодветни квалификации и вештини на учесниците во современото општество.

Програмата цели кон развојот на информатичките вештини кои стануваат пресудни за економскиот и личен успех, професионално напредување и образование, создавање на поголема конкурентност на пазарот, зголемување на продуктивноста, ефикасноста и ефективноста со што се постигнува и заштеда на средства и време.

Резултати од програма

Критериуми за влез во програмата

[:mk]
  • Кандидати со завршено основно образование или I  ниво од Националната рамка на квалификации;
[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 5
No instructions found !
Пракса 20
No instructions found !
Оценување
No instructions found !
No instructions found !
Вкупен број на часови
No instructions found !
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support