Опис на програма

Оваа програма е од модуларен тип со вкупно времетраење од 2,5 месеци, односно, 10 недели со 8 часа едукативни активности неделно ( со можност овие 8 часа да бидат поделени и на пократки сесии со времетраење од: 1 х 8 часа, 2 х 4 часа или 4 х 2 часа неделно). Програмата има за цел да им помогне на (ново)вработените во Индустријата на производи со висок степен на продажба и ‘обрт’ (таканаречената FMCG, односно, Fast-Moving-Consumer-Goods индустријата), соодветно да ја согледаат улогата и активностите на Теренските Унапредувачи на Продажбата, и да се стекнаат со неопходните вештини за работење на оваа позиција (на пр. вештините на соодветна комуникација, преговарање, продажба итн).

По завршување на програмата, учесниците ќе полагаат завршен испит; Оние учесници кои ќе го положат тестот, ќе се стекнат со соодветен сертификат.

Со стекнатите вештини, учесници на програмата треба да бидат препознаени како кандидати со соодветни компетенции од областа на малопродажбата.
Исто така, стекнувањето на овие вештини е и потенцијална можност за кариерно надополнување.

Резултати од програма

[:mk]По завршување на програмата, учесникот ќе биде способен да: - Ги дефинира и да ги спроведе 8те ‘чекори’ на Продажната посета - Подготви соодветен предлог за оптимална нарачка на производи - Ја аргументира цената на чинење на OOS-от (Out-Of-Stock) на производите - Го опише квалитетот на производите/услугите пред крајните потрошувачи - Соодветно да го поставува и одржува рекламниот материјал на Компанијата - Адекватно да ги анализира и превенира активностите на конкурентите[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Возраст над 17 години , со завршено ССО[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 43 43
Пракса 55 53
Оценување 5 5
Вкупен број на часови 105
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support