Опис на програма

Главната цел на програмата е кандидатите да се стекнат со знаење и вештини потребни за работа во финансискиот сектор и општото благајничко работење. Учесниците во теоретскиот дел ќе бидат запознаени со правилна имплементација на законската регулатива која го уредува готовинското денарско и девизно финансиско работење со посебен акцент на пресметка, исплата и евиденција, како и стекнување на практично знаење за правилна имплементација на одредбите од поврзаните закони и подзаконски акти.
На крајот на успешно реализираната обука кандидатите ќе се стекнат со Сертификат за Вештини за финансиско работење.
Обуката ќе се состои од два дела, теоретски предавања и практична работа, во траење од 70 училишни часа.

Резултати од програма

[:mk]По завршување на програмата учесникот ќе биде способен да: - Објаснува суштина на финансиско работење - Подготвува обрасци за исплата; - Врши готовински и безготовински плаќања; - Работи со главна, помошна и девизна благајна; - Работи со денарска благајна за материјални и патни трошоци; - Води дневник на благајна, каса прими и каса исплати; - Прима готови пари и подига девизи во девизна благајна; - Врши фискална наплата и евиденција на дневен промет; - Пресметува патни налози и исплата на средства по истите; - Пресметува плата со сите нејзини составни делови.[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Кандидати со завршено средно образование ( квалификациите / образовните профили од економско правно и трговска струка/сектор економија,право и трговија се сметаат за предност). Кандидатите треба да бидат постари од 17 години.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 20 29
Пракса 45 64
Оценување 5 7
Вкупен број на часови 70
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support