Опис на програма

 

Република Македонија. Програмата е наменета за оспособување на професионалци кои ќе се стекнат со познавања од сите области на винарството, почнувајќи од витикултурата и тероарот, преку процесот на производство, маркетингот, винските комуникации и ХОРЕКА секторот вклучувајки го и винскиот туризам. Програмата се базира на искуствата на водечките вински земји како што се Франција и Шпанија и има за цел подигање на винската култура како основен предуслов за остварување на потенцијалите за поголемо производство на квалитетно вино, подобар пласман и извоз на македонското вино, а со тоа и директно влијание на подобрување на конкурентноста на македонската економија.

Во реализацијата на обуката се вклучени релевантни локални експерти во улога на обучувачи за спроведување на теоретскиот и практичниот дел од обуката, со помош на корисни алатки и материјали и со примена на методологијата и наставните техники за образованието на возрасните.

Обуката на учесниците се изведува преку три главни тематски целини. Првата се однесува на работата во лозовите насади, односно примена на агротехнички мерки, концептот на Terroir и контрола на квалитетот на грозјето и неговото влијание врз квалитетот на виното. Втората тематска целина го опфаќа производството на вино и работата во винарија, вклучително и технологијата на зреење на виното, можни недостатоци и постапки за нивно подобрување, чување и полнење во шишиња. Третата целина, која воедно е и најголема по број на часови, ги опфаќа презентацијата, комуникацијата и маркетингот на виното. Преку оваа целина, учесниците се здобиваат со вештини на презентирање, правилно служење, вински протоколи, оценување, опишување на виното со соодветна терминологија и неговото спарување со храна и се стекнуват со познавање на домашниот и светскиот вински пазар преку запознавање со најважните светски вински региони како и информации за употреба на социјалните мрежи во винскиот свет. Целокупната обука се реализира преку теоретски дел каде се стекнуваат знаења и практичен дел каде учесниците стекнуваат вештини. Во делот на практичната настава се изведува и студиско патување во некој од винските региони со посета на лозови насади, винарии и угостителски објекти.

Имплементацијата на програмата се одвива по пат на активна интеракција помеѓу обучувачите и учеснците кои работат во група која има максимум 15 учесници, водена од страна на домашни, а по потреба и странски експерти. Обврска на носителот на обуката е да обезбеди соодветни простории за обука со сите потребни материјали, алатки и опрема за спроведување на програмските активности. За теоретскиот дел од обуката треба да се обезбедат соодветно опремени училници, а за делот на практичните вежби се користат лозови насади, производни простории, опрема и алатки на преработувачки капацитети т.е винарска визба, специјално опремени сали за дегустација и/или ресторантски дел.

Резултати од програма

[:mk]Со завршувањето на обуката, сертифицираните учесници се  обучени да ги развиваат и зајакнуваат пазарните врски во винската индустрија со што ќе им помогнат на постојните и идните релевантни чинители да ги подобрат и унапредат управувувањето и организацијата на работата. Воедно, со тоа се зголемува свеста за побарувањата на домашниот и странските вински пазари. По завршување на обуката учесникот ке биде во состојба да:
  • Познава агротехнички и ампелотехнички мерки кои се применуваат за одржување на лозовите насади.
  • Избира сорти прилагодливи на почвата и климатските услови.
  • Објаснува принципи на органско производство на грозје.
  • Проверува квалитет на грозјето за проиводство на квалитетно вино.
  • Објаснува технологии на производство на бело, розе, црвено и пенливо вино во целост.
  • Познава постапка на зреење на виното во дабови бочви, употреба на дабова алтернатива.
  • Познава технологија на полнење и затворање на виното во шише.
  • Обезбедува оптимални услови за складирање и чување вино според видот и стилот.
  • Врши оценување на вината преку користење на прифатените сензорни евалуациони техники.
  • Опишува органолептички карактеристики на виното.
  • Врши презентација на карактеристиките и квалитетот на виното пред медиуми или клиенти.
  • Нуди помош и информации на клиентите во правец на избор и достапност на вина.
  • Дискутира со клиентите околу видови на вино, стилови, региони, лозарството и методи на производство, земајќи го предвид нивото на знаење за вино на купувачите.
  • Служи вино на соодветна температура според типот и стилот на виното согласно изборот на клиентите.
  • Нуди конкретни совети за компатибилноста на различни вина со различни видови јадења и храна.
  • Идентификува трендови за вкусовите на клиентите врз основа на директни контакти и работно искуство.
  • Обезбедува помош во дизајнирањето, содржината и цените во винската листа.
  • Нуди помош во дизајнирањето и описот на пропратните промотивни материјали за виното (етикета, каталог, слоган).
  • Идентификува генерални трендови во пазарот на вино и врши промоција и продажба на вино.
Применува мерки во согласност со безбедност и здравје при работа.[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Програмата е фокусирана на деловните субјекти со можност да испрати покани преку јавни огласи, писма, e-mail итн за да примарните производители, посредниците, преработувачите, засегнатите здруженија и други заинтересирани субјекти кои се релевантни во винскиот сектор да бидат подеднакво и транспарентно информирани. Идентификацијата и првичната селекција на кандидати ќе се одржи во објектот утврден за обуката, преку еднодневен настан (работилница). Примарно бројот на крајните корисници на пилот-програмата ќе биде максимум по 15 кандидати во група, селектирани и избрани од различни сегменти на винската индустрија и сродни области на винскиот сектор. Во зависност од покажаниот интерес може да се формираат повеќе групи.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 42 28
Пракса 100 66
Оценување 10 6
Вкупен број на часови 152
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support