Опис на програма

Програмата „Геодупчач за изработка на истражни, хидрогреолошки, геотехнички и инекциони дупнатини“е наменета за обучување на стручен кадар.

После завршување на обуката, секој учесник ќе биде способен да:

Планира, подготвува, организира и извршува работни активности како геодупчач, со знаење и вештини да прави истражни, хидрогеолошки, геотехнички и инекциони дупнатини.

Времетраењето на Програмата е 288 часови. Обуката е организирана во еден модул, поделен во тематски целини. Обуката вклучува теоретски и практични часови преку кои учесниците ќе се стекнат со знаења и вештини за геодупчачи. Резултатите на постигнувањата на учесниците ќе бидат оценувани на крајот од процесот на обука и ќе се базираат на јасни поставени критериуми, кои гарантираат дека учесниците ги имаат потребните способности да работат како професионални ракувачи на дупчачка опрема – геодупчачи за изработка на истражни, хидрогеолошки, геотехнички и инекциони дупнатини. Оценувањето на крајот од обуката ќе се спроведе со комбинација на пишан, усен и практичен дел.

Со успешно завршување на Програмата учесниците ќе се стекнат со сертификат за геодупчач за изработка на истражни, хидрогеолошки, геотехнички и инекциони дупнатини.

Сертификатот ќе биде препознаен на пазарот на труд од компаниите кои работат во областа на градежништвото и геологијата. После ушешното завршување на Програмата сертифицираните учесници ќе може да се вработат во некоја од тие компании на работно место помошник мајстор на дупчачка гарнитура. После вработувањето и стекнување со работно искуство од минимум една година, лицето кој ќе покаже доволно познавања и искуство може да напредува во работна позиција како мајстор на дупчачка гарнитура.

Резултати од програма

[:mk]После завршувањето на обуката учесникот ќе бидат способен да: Анализира, планира и ја организира работата, направи подготовка на работното место (терен и машини и алати), изведува оперативни работи (изработува истражни дупнитини, хидрогеолошки дупнатини и бунари, геотехнички дупнатини и инекциони дупнатини), извршува административна работа, обезбедува квалитет во работењето, ги одржува машините и алатите за работа, комуницира со соработниците и ја заштитува работната и животната средина. После успешното завршување на Програмата сертифицираните учесници ќе може да се вработат во некоја од тие компании на работно место помошник мајстор на дупчачка гарнитура. После вработувањето и стекнување со работно искуство од минимум една година, лицето кој ќе покаже доволно познавања и искуство може да напредува во работна позиција како мајстор на дупчачка гарнитура.[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Во Програмата може да земат учество кои ќе се пријават на отворениот повик. Учесниците треба да имаат завршено минимум средно образование и покажуваат интерес за учество и желба да се стекнат со сертификат за Геодупчач за изработка на истражни, хидрогеолошки, геотехнички и инекциони дупнатини и да бидат психофизички способни за обавување на работи и работни задачи од категорија на среден ризик.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 86 30
Пракса 173 60
Оценување 29 10
Вкупен број на часови 288
0 STUDENTS ENROLLED

    [:en]Детали за понудувач на услуги[:mk]Instructor Details[:al]Instructor Details[:]

    Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
    top
    © 2018 Developed by Unet
    Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support