Опис на програма

Курсот е наменет за возрасни слушатели кои за прв пат го изучуваат германскиот јазик без предзнаење. Тој ќе им помогне да разбираат и употребуваат секојдневни изрази и основни фрази.

Теми:  поздрави, лични податоци, земји, јзици, семејство, броеви, цени, единици мерки, бои, мебел, час, денови во неделата, час, секојдневни активности, слободно време и видови хоби и др.

Граматика: сегашно време, лични заменки, присвојни заменки, определен, неопределен  и негативен член кај именките, глаголи со делив префикс, номинатив, акузатив, предлози за денови во неделата, делови од денот, час, модални глаголи, минато време и др.

Слушателот ќе може да се претстави себеси и другите, да поставува и одговара на прашања од личниот живот  и да учествува во едноставна конверзација, кога соговорникот зборува јасно и бавно.

Резултати од програма

[:mk]По завршување на програмата учесникот ќе биде способен да: - комуницира на пониско основно ниво на германски и ќе може да се изразува едноставно со точна употреба на сегашно време; се очекува да научи приближно 600 збора и фрази, кои често се употребуваат, и да се снајде во практични секојдневни ситуации.[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Нема.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 30 88
Пракса 1 3
Оценување 3 9
Вкупен број на часови 34
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support