Опис на програма

Програмата Меншен А1 е да ги запознае и научи учесниците со основни вештини и знаења за ефикасно користење на германскиот јазик во секојдневниот живот и на работното место, како и совладување на:

  • Лексички единици (држави, азбука, професии, фамилијарен статус, броеви 1-1.000.000, фамилија, јазици, мебел, описни придавки, бои, предмети, материјали, форми, биро, компјутер, активности во слободно време, периоди од денот, денови во неделата, часови/време, прехрамбени продукти, оброци во денот, превозни средства, патување, секојдневни активности, годишни времиња, месеци, институции и места во градот, станови, куќи, хотел, планови и желби, делови од телото, изглед, карактер,опис на личност, активности во домаќинството, правила во сообраќајот и околината, облека, време, временска прогноза, страни на светот, прослави)
  • Граматички единици (коњујација на глаголи во еднина и множина, прашања и прашални зборови, негација, зборообразување, присвојни заменки, определен и неопределен член, лични заменки, негациски член, акузатив за еднина и множина, модални глаголи, поврзување на реченици, позиција на глагол во реченица, зборообразување на именка со именка, временски препозиции, глаголи со деллив префикс, минато време-перфект, локални препозиции со датив и акузатив, генитив кај лични имиња, глаголи со датив, лични заменки во датив и акузатив, заповеден начин, минато време-претеритум со помошни глаголи, перфект со неделливи глаголи, зборообразување со негација, компарација, сврзници, можен начин, редни броеви.
  • Писмена интеракција и продукција преку различни вежби, квизови и тестови
  • Индивидуални и групни активности
  • Поврзување текстови со слики, искази со слики, текст со текст

Определување точност-неточност на исказ

Резултати од програма

[:mk]Совладување на: Слушање: препознавање познати зборови и најосновни фрази за себе, своето семејстгво и непосредната конкретна околина, кога луѓето зборуваат бавно и јасно. Читање: разбирање познати имиња, зборови и наједноставни реченици, на пример на известувања и плакати или во каталози. Говорна интеракција: комуникација на едноставен начин доколку соговорникот е подготвен да ги повтори или преформулира нештата со побавно темпо на изговор и да помогне при формулирање на тоа што се обидува да се каже. Поставување и одговарање на едноставни прашања од области на непосредна потреба или за нешта што се многу познати. Говорна продукција: користење на едноставни фрази и реченици за да се опише местото на живеење и луѓето кои се познаваат. Пишување: на куси и едноставни разгледници, на пример за честитање празник. Пополнување формулари со лични податоци, на пример да се запише своето име и презиме, националност, професија и адреса во (хотелски) формулар.[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Лица над 18 години со завршено минимум средно образование.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 36 60
Пракса 22 37
Оценување 2 3
Вкупен број на часови 60
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support