Опис на програма

Програмата Меншен А2 е да ги запознае и научи учесниците со основни вештини и знаења за ефикасно користење на германскиот јазик во секојдневниот живот и на работното место, како и совладување на:

  • Лексички единици (фамилија, активности, доживување, мебел, опрема, професии, природа,туризам, манифестации, спортски активности, болести, живот на работа, предмети за употреба, прехамбени производи, совети за учење, ситации во ресторан, хотел, пошта, патување и сообраќај, време, печат и книги, документи, интернет, училиште и образование, патување во странство,прослави)
  • Граматички единици (присвојни заменки, минато време, препозиции со падежи, зборообразување на именти, придавски деклинации, временски препозиции, можен начин, сврзници, рефлексивни глаголи, паси, глаголи со падежи, индиректи прашања, локални препозиции, модални глаголи во минато време, релативни заменки и реченици, редни броеви)
  • Писмена интеракција и продукција преку различни вежби, квизови и тестови

Индивидуални и групни активности

Резултати од програма

[:mk]Совладување на: Слушање: разбирање на фрази и најчесто користени зборови што се однесуваат на области од најнепосредна лична важност (на пример: основни лични и семејни информации, шопинг, локална околина, вработување). Да може да се разбере главната поента во куси, јасни, едноставни пораки и соопштенија. Читање: читање на многу куси и едноставни текстови, наоѓање на конкретни предвидливи информации во едноставни секојдневни материјали како: реклами, проспекти, менија и возни редови, разбирање на куси лични писма.Говорна интеракција: комуникација во едноставни и рутински задачи кога се бара едноставна и директна размена на информации за познати теми и активности, како и учество во многу куси социјални конверзации. Говорна продукција: разбирање на низа фрази и реченици за опис со едноставни зборови на семејството и околината, животните услови, образованието, сегашно и скорешно вработување. Пишување: на куси и едноставни белешки и пораки, кои се однесуваат на нешта од области на непосредна потреба, како и пишување на кусо лично писмо, на пример, заблагодарување некому за нешто.[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Лица над 18 години со завршено минимум средно образование и со завршено А2.1 ниво по германски јазик[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 36 60
Пракса 22 37
Оценување 2 3
Вкупен број на часови 60
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support