Опис на програма

Курсот по германски јазик за ниво А1.2 е насочен кон оспособување на кандидатот да познава, разбира и употребува секојдневни изрази и основни фрази. Учебникот опфака седум лекции со следниве теми: работа и професија, во туѓ град, здравје, во градот, муштеријата е крал, нова облека, празници. Во реализација на програмата ќе се применуваат: наставни методи (монолошка, илустративна,дијалошка, дискусија, разговор, презентација), наставни техники (сложувалка, играње на улоги, бура на идеи, ) кои ќе му овозможат на кандидатот континуирана активност за време на траење на курсот. Оценувањето на постигањата на кандидатите ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата во текот на целиот курс, усно, писмено, и на завршниот испит. Наставата ќе се одвива во предавална со потребната опрема според Норматив за простор и наставни средства и помагала(ИКТ, табла, учебник, наставани ливчиња, материјали подготвени од наставник). Наставата ќе ја изведува: дипломиран професор, со завршени студии по германски јазик, наставна насока Времетраењето на курсот е 32 часа (еден час е во трање од 90 минути) од кои за нов наставен материјал се предвидени 19 часа ,за вежби и тематски тестови 12 часа и 1 час е предвиден за завршен тест со кој се утврдува севкупно постигнато знаење и тоа: разбирање (слушање и читање), пишување, зборување (интерактивен и продуктивен говор), според заедничка европска рамка. Кандитатот кој успешно ќе го заврши курсот се здобива со уверение, според заедничка европска рамка. Програмата нуди можност за изучување на повисок степен.

Резултати од програма

[:mk]
Курсот е наменет за возрасни слушатели кои го имаат завршено
прв степен А1.1 и со тестирање покажуваат соодветно знаење за
прв степен.
По завршувањето на курсот слушателот ќе може да се претстави себеси и другите, да поставува и одговара на прашања од личниот живот, да учествува во едноставна конверзација доколку соговорникот зборува јасно и бавно и да се снајде во практични секојдневни ситуации. Слушателот ќе се стекне со знаења и ќе биде оспособен да: се изразува едноставно со точна употреба на сегашно и минато време и самостојно да раскажува за настани, да разбира кратки огласи за работа и да одговори на едноставни прашања од интервју, да знае да ја каже својата професија и да зборува за своето образование, да дава совети, упатства и наредби, да замоли за нешто и да одговори на молба, да зборува за своите обврски, да разбира информативни брошури, да ги добие потребните информации на хотелска рецепција, да замоли за објаснување и да води елементарен дијалог. Да зборува за своите болки, да договара, презакажува и откажува термин пр. кај лекар, фризер итн., да зборува за својата и за здравствената состојба на другите, да умее да напише честитка, разгледница, куса порака, кусо лично писмо или е-маил во врска со познати теми, да се ориентира во град и да бара информација на автобуска или железничка станица, да разбира едноставни соопштенија на аеродром и на железничка, да бара информации во возни планови, да праша на шалтер за информации и да купи возна карта, да разбере опишување на пат со познати зборови или самиот да го опише. Слушателот ќе може да разбере писмени соопштенија, телефонски најави и пораки на телефонска секретарка, информативен текст, кратки едноставни упатства за употреба и статии од новина, да се изрази учтиво и да го објасни неговиот проблем на телефон кога некој апарат е расипан и не функционира. Да именува парчиња облека, да изразува допаѓање и недопаѓање, да побара помош и совет во стоковна куќа, да поставува и да одговара на прашања поврзани со датуми, писмено да откаже термин и да ја наведе причината, да прочита, разбере и напише покана за различни поводи, да прифати и да одбие покана, да именува празници и прослави и умее да честита, да пополни формулар.[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Курсот е наменет за возрасни слушатели кои го имаат завршено прв степен А1.1 и со тестирање покажуваат соодветно знаење за прв степен.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 19 59
Пракса 12 37
Оценување 1 3
Вкупен број на часови 32
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support