Опис на програма

Оваа програма е наменета за изучување на германскиот јазик на основно ниво во хомогени групи со претходно предзнаење на нивото А1.2 и според Европската референтна јазична рамка го опфаќа нивото А2.1, со што истовремено и го подготвува и оспособува слушателот за полагање на испитот Start Deutsch 2. Во фокусот на целите и задачите на програмата е изучувачот на јазикот како социјална единка, чија основна задача е да се стекне со комуникативни вештини. Основни наставани материјали се учебникот и работните листови, це-де кон учебникот, це-де кон работните листови, но и други додатни материјали, вежби, аудио-визуелни содржини и сл., кои дополнително се внесуваат во наставата од страна на одговорниот наставник. Слушателите етапно се воведуваат во германскиот јазик, преку подеднаква застапеност на сите јазични компетенции: слушање, читање, пишување и зборување и јазични вештини: граматика и вокабулар. Во програмата застапени се и фонетски вежби, со цел слушателот правилно да се насочи во изговорот и правописот. Наставните содржини се презентирани преку теми од секојдневното општење и автентични, релевантни текстови, како на пр. писма, информативни брошури, статии од весници, телефонски разговори, вести и сл. Во програмата застапени се и наставни единици со  цивилизациска содржина, каде што акцент е ставен на географските и културни карактеристии, но и обичаи и навики, типични за германско-јазичните говорни подрачја, со цел на слушателот што повеќе да му се доближат културните разлики. Методичко-дидактичкиот пристап и техниките на учење во процесот на наставата активно ги вклучуваат сите слушатели во групата. Наизменично се применуваат како фронтална настава, така и индивидуална работа, но и работа во парови, групи и пленум. Во текот на посетувањето на курсот се спроведуваат и тематски тестови за евалуација на стекнатото знаење на слушателите, а по завршувањето на програмата стушателот полага соодветен завршен испит, по што се стекнува со диплома за успешно завршен III степен по германски јазик, основно ниво А2.1 (Grundstufe, A2.1).

Резултати од програма

[:mk]По завршувањето на програмата слушателот владее вокабулар и умее усно и писмено да комуницира во врска со следниве теми:
  • Именување на причини
  • Раскажување на искуства од патувања
  • Именување и претставување на членови од семејството
  • Раскажување на настани од минатото
  • Начин и стил на живеење
  • Пречекување на гости
  • Пишување на покани
  • Ситуации во ресторан: порачување на храна и пијалоци
  • Искажување на своите чувства и интереси
  • Тема здравје: давање совети и препораки
  • Пријавување во спортски клуб
  • Читање информативни брошури
  • Прослави: свадба, роденден, подароци и сл.
  • Давање на предлози
  • Кирија и станување
  • Пишување на писма до соседите
  • Телефонски разговори и ситуации на работното место
  • Пишување на писмени соопштенија на работното место
  • Искажување на услови
  • Училиштен систем
  • Обуки и пракси
  • Искажување на своето мислење
  • Типови на професии
  По завршувањето на програмата слушателот ги владее и умее усно и писмено да ги применува и разбира следниве граматички структури:
  • Сложени каузални реченици со weil
  • Минато време Perfekt од деливи и неделиви глаголи
  • Саксонски генитив
  • Локални препозиции со акузатив и датив
  • Прилози за место
  • Прилози за зачестеност
  • Неопределени заменки
  • Конјунктив 2 од глаголот sollen
  • Сложени кондиционални реченици со wenn...dann
  • Рефлексивни глаголи
  • Глаголи со фиксни препозиции
  • Прашални форми со глаголи со фиксни препозиции
  • Прилози за време
  • Модални глаголи во претеритум
  • Сложени исказни реченици со dass
  • Дативен објект во реченицата
[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Потребно е предзнаење на ниво А1.2. Слушателот треба да е над 15 годишна возраст.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 15 44
Пракса 15 44
Оценување 4 12
Вкупен број на часови 34
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support