Опис на програма

Оваа програма е наменета за изучување на германскиот јазик на основно ниво во хомогени групи со претходно предзнаење на нивото А2.1 и според Европската референтна јазична рамка го опфаќа нивото А2.2, со што истовремено и го подготвува и оспособува слушателот за полагање на испитот Start Deutsch 2. Во фокусот на целите и задачите на програмата е изучувачот на јазикот како социјална единка, чија основна задача е да се стекне со комуникативни вештини. Основни наставани материјали се учебникот и работните листови, це-де кон учебникот, це-де кон работните листови, но и други додатни материјали, вежби, аудио-визуелни содржини и сл., кои дополнително се внесуваат во наставата од страна на одговорниот наставник. Слушателите етапно се воведуваат во германскиот јазик, преку подеднаква застапеност на сите јазични компетенции: слушање, читање, пишување и зборување и јазични вештини: граматика и вокабулар. Во програмата застапени се и фонетски вежби, со цел слушателот правилно да се насочи во изговорот и правописот. Наставните содржини се презентирани преку теми од секојдневното општење и автентични, релевантни текстови, како на пр. писма, информативни брошури, статии од весници, телефонски разговори, вести и сл. Во програмата застапени се и наставни единици со  цивилизациска содржина, каде што акцент е ставен на географските и културни карактеристии, но и обичаи и навики, типични за германско-јазичните говорни подрачја, со цел на слушателот што повеќе да му се доближат културните разлики. Методичко-дидактичкиот пристап и техниките на учење во процесот на наставата активно ги вклучуваат сите слушатели во групата. Наизменично се применуваат како фронтална настава, така и индивидуална работа, но и работа во парови, групи и пленум. Во текот на посетувањето на курсот се спроведуваат и тематски тестови за евалуација на стекнатото знаење на слушателите, а по завршувањето на програмата стушателот полага соодветен завршен испит, по што се стекнува со диплома за успешно завршен IV степен по германски јазик, основно ниво А2.2 (Grundstufe, A2.2).

Резултати од програма

[:mk]По завршувањето на програмата слушателот разбира и употребува изрази кои се однесуват на области од непосредно значење (на пример, информаци за личноста и семејство, шопинг, работа, непосредна околина). Тој е во состојба да се разбере во едноставни рутински ситуации кои се однесуват на едноставна и директна размена на информаци за познати и вообичаени работи. Владее вокабулар и умее усно и писмено да комуницира во врска со следниве теми:
  • Искажување на спротивности
  • Искажување на желби
  • Именување на активности поврзани со разни настани, манифестации и сл.
  • Опишување на предмети
  • Вршење споредба
  • Рекламни проспекти
  • Искажување на навиките за купување
  • Информации за потрошувачи
  • Замолување за информации во пошта
  • Разбирање и формулирање на говорни пораки
  • Опис на патот до одредено место
  • Разбирање на упатства за безбедност
  • Сообраќај и временски појави
  • Купопродажба на половни возила и пополнување на соодветни документи
  • Именување на патнички дестинации
  • Резервирање и планирање на патување
  • Пишување на разгледници
  • Информирање на шалтер во банка
  • Информирање за начини на плаќање
  • Услужни дејности
  • Отворање на сметка, кредитни картички, автомати за пари
  • Зборување за сеќавања од детсвото
  • Информативни брошури
  По завршувањето на програмата слушателот ги владее и умее усно и писмено да ги применува и разбира следниве граматички структури:
  • Сложени допусни реченици со trotzdem
  • Конјунктив 2 на сегашноста
  • Деклинација на придавките
  • Степенување на придавките
  • Passiv Präsans
  • Прашален член: Was für ein...?
  • Локални препозиции со географска одредница: an, in, auf, nach
  • Темпорални препозиции: an, über
  • Модални препозиции: ohne
  • Рефлексивни глаголи
  • Локални препозиции: aus, von, durch, bis zum, entlang, um, gegenüber
  • Сложени каузални реченици со deshalb
  • Индиректни прашања со прашална заменка и со ob
  • Глаголот lassen: значење и примена
  • Образување на придавки со: -ig, -bar, -los, un-
  • Образување на именки со: -er, -in, -ung
  • Деминутив кај именките со -chen
[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Потребно е предзнаење на ниво А2.1. Слушателот треба да е над 15 годишна возраст.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 15 44
Пракса 15 44
Оценување 4 12
Вкупен број на часови 34
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support