Опис на програма

Општа цел:
Со изучување на овој јазик учениците ќе стекнат напредни знаења од германскиот јазик, за земјите во кои се зборува јазикот, како и стекнување на комуникативни вештини.

Посебни цели:
Граматички:
*да ja увежбаат употребата на сегашните и минатите времиња и да усвојат нови форми
*да ja увежбаат употребата на основните реченици
* да ja увежбаат употребата на модалните глаголи
*да ја увежбаат правилната употреба на членовите
*да ја увежбаат правилната употреба на падежите
*да ја увежбаат правилната употреба на заменките, придавките, прилозите и предлозите
*да усвојат вокабулар поврзан со темите

Комуникативни:
*да се оспособат да дискутираат за семејството, професии, околината,
*да се оспособат да дискутираат за храна, слободно време, медиуми
*да се оспособат да изразат мислење
*да се оспособат да изразат допаѓање и недопаѓање и да дадат совет
*да се оспособат да замолат и да изразат заповед
*да се оспособат да опишат некој настан
*да умеат да напишат посложени пораки, формални писма, приказни

Културолошки:
*да осознаат повеќе за културните карактеристиките на Германија или земјите во кои се зборува јазикот
*да дознаат повеќе за храната и навиките за јадење во Германија или земјите во кои се зборува јазикот
*да ги продлабочат знаењата околу начинот на прославување на најважните празници во Германија

Зборување:
Со оглед на тоа што оваа вештина е една од најважните, учениците ќе можат да се стекнат со комуникативни вештини кои ќе им овозможат напредна комуникација со говорител од земјата во која се зборува германскиот јазик. Учениците ќе се оспособат да составуваат сложени реченици, реченици со кои ќе можат да искажуваат согласување или несогласување, да поставуваат прашања од секојдневието или прашања и реченици кои би им биле од значителна помош доколку се најдат во земјата во која се зборува германскиот јазик.

Слушање:
Слушањето е особено важна вештина при учењето на германскиот јазик и токму затоа, во оваа програма вметнати се доста вежби кои помагаат во разбирање на суштината на текстовите или зборовите.
Во голем дел од вежбите има слушање текстови или вежби кои помагаат при усовршување на зборувањето и при усовршување на акцентот, кој е доста важен во германскиот јазик.

Читање:
Дел од овој учебник се голем број текстови во кои се вметнати ситуации од секојдневниот живот или текстови чиишто теми овозможуваат развивање на оваа вештина и поттикнуваат комуникација и активност за време на часот. При читање извадоци од списанија и книги, Themen Aktulell 2 им овозможува на учениците да дознаат повеќе за културата на Германија и начинот на кој ги прославуваат празниците и нивните култоролошки настани.

Пишување:
Во овие два семестри, учениците ќе бидат оспособени¨
*да пишуваат сложени параграфи
* текстови
*формални и неформални писма или покани.

Резултати од програма

[:mk]На крајот на учебната година учениците ќе бидат оспособени да комуницираат на германски јазик, да пишуваат писма, текстови или пораки на германски јазик и своето знаење да го користат практично.[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Средношколци или возрасни/ со тестирање за предзнаење.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 58 83
Пракса 2 3
Оценување 10 14
Вкупен број на часови 70
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support