Опис на програма

Курсот по германски јазик за ниво B1.1 е насочен кон оспособување на кандидатот да може да може да ги разбере главните точки на јасен и стандарден јазик на познати теми поврзани со областа на работата, слободното време итн., да се справи со повеќето ситуации во кои ќе може да се најде за време на патување во области каде што се зборува германскиот јазик, да состави едноставен кохерентен текст на теми кои му се познати или се од личен интерес, да опише искуства, настани, сни, надежи и амбиции и накратко да даде причини и објаснувања за дадените ставови и планови. Учебникот опфака седум лекции со следниве теми: среќа во секојдневието, забава, остани фит, јазици, професија/работа и пракса, желби на клиентите и околу живеење. Во реализација на програмата ќе се применуваат наставни методи (монолошка, илустративна, дијалошка, дискусија, разговор, презентација), наставни техники (сложувалка, играње на улоги, бура на идеи, ) кои ќе му овозможат на кандидатот континуирана активност за време на траење на курсот. Оценувањето на постигањата на кандидатите ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата во текот на целиот курс, усно, писмено и на завршниот испит. Наставата ќе се одвива во предавална со потребната опрема според Норматив за простор и наставни средства и помагала (ИКТ, табла, учебник, наставани ливчиња, материјали подготвени од наставник). Наставата ќе ја изведува: дим професор, со завршени студии по германски јазик, наставна насока. Времетраењето на курсот е 32 часа (еден час е во трање од 90 минути) од кои за нов наставен материјал се предвидени 19 часа ,за вежби и тематски тестови 12 часа и 1 час е предвиден за завршен тест со кој се утврдува севкупно постигнато знаење и тоа: разбирање (слушање и читање), пишување, зборување (интерактивен и продуктивен говор), според заедничка европска рамка. Кандитатот кој успешно ќе го заврши курсот се здобива со уверение, според заедничка европска рамка. Програмата нуди можност за изучување на повисок степен.

Резултати од програма

[:mk]Резултати од програмата По завршувањето на курсот слушателот ќе може да известува за минатото, да прочита, разбере и напише извештај во весник, да зборува за моменти на среќа, да разбере и раскаже животна приказна, за лична амајлија или ритуал, да го изрази своето мислење, да се распрашува за личности и истите да ги опише, да одбие предлог и даде свој, да бара и најде консензус, да прочита и разбере понуди од телевизиска програма или извадоци од романи и да го даде своето мислење за истите, да раскаже за свој омилен филм или серија, ќе може заеднички со некого да испланира одредена активност, да даде предлог, да одговори на предлогот на својот партнер, да даде контра предлог и на крај да се договори за заедничко решение, да опише вежби за релаксирање, да даде совети и препораки, да опише одреден процес на тема здравје и болести, да разбере статија на тема здраво живеење и здравје, да разбере радио емисија на тема здравје и наука, да опише статистика, да зборува за нереалност, да разбере литуратурен текст, да изрази важност, да праша за причина и да го образложи своето мислење, да се распраша и на истото да реагира, да разбира текстови и да зборува на темата изучување странски јазици и на истата тема да напише е-маил или писмо, да разбере текст и да зборува за тимска работа, за бизнис идеи, писмено и усно да аплицира за одредено работно место, да прочита текст и да зборува на тема креативни идеи, да зборува за желби поврзани со одмор и патувања, да води разговори за продажба (да се обрати на клиент иннешто да му понуди, да замоли за помош или информација, итн.), да опише одредена земја. Слушателот ќе се стекне со знаења и ќе биде оспособен да: зборува за своето живеалиште од соништа, да зборува на тема врски на далечина, да изрази зачуденост, да покаже симпатија, учтиво да изрази критика или пријателски да реагира на истата.[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Курсот е наменет за возрасни слушатели кои го имаат завршено четврти степен А2.2 и со тестирање покажуваат соодветно знаење за 4. степен.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 19 59
Пракса 12 37
Оценување 1 3
Вкупен број на часови 32
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support