Опис на програма

Оваа програма е наменета за изучување на германскиот јазик на самостојно ниво во хомогени групи со претходно предзнаење на нивото А2.2 и според Европската референтна јазична рамка го опфаќа нивото В1.1, со што истовремено и го подготвува и оспособува слушателот за полагање на испитот Zertifikat Deutsch. Во фокусот на целите и задачите на програмата е изучувачот на јазикот како социјална единка, чија основна задача е да се стекне со комуникативни вештини. Основни наставани материјали се учебникот и работните листови, це-де кон учебникот, це-де кон работните листови, но и други додатни материјали, вежби, аудио-визуелни содржини и сл., кои дополнително се внесуваат во наставата од страна на одговорниот наставник. Слушателите напредуваат кон совладувањето на германскиот јазик, преку подеднаква застапеност на сите јазични компетенции: слушање, читање, пишување и зборување и јазични вештини: граматика и вокабулар. Наставните содржини се презентирани преку теми од секојдневното општење и автентични, релевантни текстови, како на пр. писма, информативни брошури, статии од весници, телефонски разговори, вести, извадоци од литературни текстови, радио и ТВ-емисии и сл. Во програмата застапени се и наставни единици со  цивилизациска содржина, каде што акцент е ставен на географските и културни карактеристии, но и обичаи и навики, типични за германско-јазичните говорни подрачја, со цел на слушателот што повеќе да му се доближат културните разлики. Методичко-дидактичкиот пристап и техниките на учење во процесот на наставата активно ги вклучуваат сите слушатели во групата. Наизменично се применуваат како фронтална настава, така и индивидуална работа, но и работа во парови, групи и пленум. Во текот на посетувањето на курсот се спроведуваат и тематски тестови за евалуација на стекнатото знаење на слушателите, а по завршувањето на програмата стушателот полага соодветен завршен испит, по што се стекнува со диплома за успешно завршен V степен по германски јазик, средно / самостојно ниво В1.1 (Mittelstufe, B1.1).

Резултати од програма

[:mk]По завршувањето на програмата слушателот е во можност да ги разбере главните содржини кога се употребува јасен стандардeн јазик и кога станува збор за познати теми во врска со работата, училиште, слободно време итн. Тоj е во состојба да се снајде со повеќето ситуации со кои може дa се сретнe додека патува во германското говорно подрачје. Тоj е во состојба јасно да се изрази за познати теми и области од личен интерес. Владее вокабулар и умее усно и писмено да комуницира во врска со следниве теми:
  • Говорење за минати настани
  • Раскажување на животна приказна
  • Именување на спротивности
  • Опис на личности и предмети
  • Зборување за среќни и несреќни моменти
  • Зборување за телевизиска програма
  • Зборување за прочитана книга
  • Давање совети и препораки
  • Преглед кај лекар – опис на процесот
  • Зборување за разни статистики
  • Именување на вокабулар од областа на науката
  • Зборување за нереалното
  • Допрашување во ситуации кога нешто не е добро разбрано
  • Зборување за својата лична биографија
  • Јазици и чувства
  • Зборување за својот стан од соништата
  • Живот во град или на село
  • Соживот и конфликти со соседите: решавање на конфликти
  • Статии од весници
  По завршувањето на програмата слушателот ги владее и умее усно и писмено да ги применува и разбира следниве граматички структури:
  • Сложени темпорални реченици со сврзникот als
  • Минато време: Präteritum
  • Минато време: Plusquamperfekt
  • Честички за градуирање: пр. ziemlich
  • Сложени допусни реченици со сврзникот obwohl
  • Релативни реченици и релативни заменки
  • Падеж: генитив
  • Повторување на Passiv Präsens
  • Passiv Präsens со модален глагол
  • Повторување на конјунктив 2 на сегашноста
  • Иреални условни реченици
  • Предлог wegen
  • Сложени каузални реченици со darum, deswegen
  • Дводелни сврзници
  • Конјунктив 2 на минатото
  • Иреални условни реченици во Конјунктив 2 на минатото
  • Повторување и надградување на глаголите со фиксни препозиции
[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Потребно е предзнаење на ниво А2.2. Слушателот треба да е над 15 годишна возраст.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 15 44
Пракса 15 44
Оценување 4 12
Вкупен број на часови 34
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support