Опис на програма

Курсот по германски јазик за ниво B1.1 е насочен оспособување на кандидатот да може да може да ги разбере главните точки на јасен и стандарден јазик на познати теми поврзани со областа на работата, слободното време итн., да се справи со повеќето ситуации во кои ќе може да се најде за време на патување во области каде што се зборува германскиот јазик, да состави едноставен кохерентен текст на теми кои му се познати или се од личен интерес, да опише искуства, настани, сни, надежи и амбиции и накратко да даде причини и објаснувања за дадените ставови и планови. Учебникот опфака седум лекции со следниве теми: меѓу пријатели, техника и секојдневие, се за производот, со луѓе, совет и помош, од политика и историја, дома во светот. Во реализација на програмата ќе се применуваат наставни методи (монолошка, илустративна, дијалошка, дискусија, разговор, презентација), наставни техники (сложувалка, играње на улоги, бура на идеи, ) кои ќе му овозможат на кандидатот континуирана активност за време на траење на курсот. Оценувањето постигањата на кандидатите ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата во текот на целиот курс, усно, писмено и на завршниот испит. Наставата ќе се одвива во предавална со потребната опрема според Норматив за простор и наставни средства и помагала (ИКТ, табла, учебник, наставани ливчиња, материјали подготвени од наставник). Наставата ќе ја изведува: дим професор, со завршени студии по германски јазик, наставна насока. Времетраењето на курсот е 32 часа (еден час е во трање од 90 минути) од кои за нов наставен материјал се предвидени 19 часа ,за вежби и тематски тестови 12 часа и 1 час е предвиден за завршен тест со кој се утврдува севкупно постигнато знаење и тоа: разбирање (слушање и читање), пишување, зборување (интерактивен и продуктивен говор), според заедничка европска рамка. Кандитатот кој успешно ќе го заврши курсот се здобива уверение, според заедничка европска рамка. Програмата нуди можност за изучување на повисок степен.

Резултати од програма

[:mk]По завршувањето на курсот слушателот ќе може да разбира подолг текст, во кој нешто е раскажано, статии, извештаи и огласи од новина или списание и да разбира општи, но и детални информации во истите, да прочита и разбере коментари на тема од секојдневието и во кратки текстови да разбере дали лицето кое пишува е за или против темата, да разбере информативни текстови со упатства и прописи. Да слуша и разбере кратки текстови пр. на радио и телефон, соопштенија на аеродром или железничка (да ја препознае темата и да ги разбере најважните информации), да разбере предавање на тема од секојдневието (покажува дека како слушател ги разбира најважните информации), да разбере разговор помеѓу две личности на секојдневна тема, дискусија на радио на тема од јавниот живот на пр. здрава исхрана, и да препознае различни мислења. Да напише приватен е-маил на лична тема, со што ќе покаже дека знае нешто да опише и да образложи, да напише текст во кој ќе го изрази своето мислење на тема од секојдневниот живот, да напише соопштение во кое писмено реагира на општа тема. Со партнер заеднички да испланира одреден настан, да даде предлог, да се согласи, да го одбие предлогот и да го изрази своето мислење, да држи подолга презентација со разбирлива, логична структура, да даде коментар на одредена презентиција, за истата да постави прашање и да го претстави своето мислење. Со помош на тематските целини обработени во учебникот слушателот ќе се стекне со знаења и ќе биде оспособен да: зборува за пријатели и колеги и подетално да ги опише, да понуди и прифати обраќање на ти, да зборува за реалност и нереалност, да разбере и објасни упатства за употреба, да разбере приказна и да го даде своето мислење на форум на интернет, да зборува за секојдневието, за незгоди и несреќи, подетално да опише одреден продукт или проблем, да се пожали, со разбирање да реагира кон клиентите, да зборува за планови и намери, да се извини, да зборува за правила на однесување, за други земји и нивните обичаи Слушателот ќе може да разбере проблем , да понуди помош, некого да смири, да понуди решение, да се распраша, да разбере стручен текст и да зборува на тема личен ангажман, лични искуства од различни теми или личен пример/идол, да зборува за политички одлуки и да ги спореди, да разбере статии од новина на тема политички ангажман, да зборува за партии и политичари, за Германија и за својата татковина, за своите желби за иднина, да извести за особен, куриозитетен или интересен обичај, прослава или празник, да разбере анкета на тема Европа и различни мислења на истата тема.[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Курсот е наменет за возрасни слушатели кои го имаат завршено петти степен Б1.1 и со тестирање покажуваат соодветно знаење за 5. степен.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 19 59
Пракса 12 37
Оценување 1 3
Вкупен број на часови 32
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support